3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак

Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и побрзо да го стопите салото на стомакот.

3-pijalaci-shto-treba-da-gi-piete-pred-spienje-za-da-imate-ramen-stomak-01.jpg

Обично луѓето веруваат дека пред спиење е добро да се напијат шолја чај, но овие рецепти за пијалаци ќе ви помогнат побрзо да се ослободите од вишокот масни наслаги и од салото додека спиете.

Имајте предвид дека станува збор за основни рецепти што можете да ги менувате според вашите потреби.

Кои пијалаци можете да ги приготвувате и да ги пиете барем еден час пред спиење, а ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот масни наслаги, ќе ви го забрзаат метаболизмот и ќе ви помогнат да добиете рамен стомак?

Краставица за слабеење

Потребни состојки:

  • 1 краставица
  • 1 врзоп магдонос
  • 1 лимон
  • 1 голема лажица рендан ѓумбир
  • 1 лажица сок од алое вера
  • ½ чаша вода

Начин на подготовка:

  • Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат.
  • Добиениот сок се пие пред да си легнете.
  • Овој сок може да го пиете еден месец, а потоа да направите пауза од една недела, по што можете пак да почнете да го консумирате.

3-pijalaci-shto-treba-da-gi-piete-pred-spienje-za-da-imate-ramen-stomak-02.jpg

Зачинета индиска лимонада

Потребни состојки:

  • 4 лимети;
  • Ѓумбир по вкус;
  • Свежо нане;
  • 1 литар минерална газирана вода;
  • ½ чаша обична вода;
  • Мраз;
  • Шеќер (по вкус).

Начин на подготовка:

  • Се цеди сокот од лиметите.
  • Шеќерот се меша со обичната вода и се става во тенџере на рингла додека да се стопи;
  • Изренданиот ѓумбир се додава на сирупот, а кога ќе почне да врие водата, се трга од оган;
  • Сирупот се лади, му се додава сок од лимети, минерална вода и мраз, и се декорира со свежо нане.

3-pijalaci-shto-treba-da-gi-piete-pred-spienje-za-da-imate-ramen-stomak-03.jpg

Сок од јаболко

Потребни состојки:

  • 1 литар сок од јаболко (свеж или во амбалажа);
  • Нане
  • 100ml сок од лимон;
  • 1 цел лимон;
  • Мраз.

Начин на подготовка:

  • Лимонот се сечка на кругови.
  • Во бокал се мешаат сокот од јаболко и сокот од лимон, па се додаваат парчињата лимон, нането и мразот;
  • Можете да го декорирате пијалакот со парчиња јаболко.

3-pijalaci-shto-treba-da-gi-piete-pred-spienje-za-da-imate-ramen-stomak-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg