3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото
Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента одлично ги надополнуваат омилените коктели.
Можеби поради високите температури тешко ни е да поверуваме дека есента е овде, но ако веќе ви е „преку глава“ од лето, можеби овие коктели ќе ве внесат во есенско расположение.
Три есенски коктели:
Есенски џин-тоник
Потребни состојки:
- 60ml џин
- 120ml тоник
- Сируп од цимет
- Стапчиња цимет
- Мраз
Начин на подготовка:
- Во шејкер ставете мраз, па додајте ги џинот и сирупот од цимет и добро промешајте.
- Во чаша ставете мраз, додајте го пијалакот од шејкерот, па дополнете со тоник.
- Украсете со стапчиња цимет.
Коктел со круши и брусница
Потребни состојки:
-->
-->
- Шампањ
- 120ml сок од круши
- 2 лажици сушена брусница
Начин на подготовка:
-->
- Ставете ги брусниците во сад со две лажици топла вода и оставете да отстојат 15 минути.
- Прецедете ги и оставете ги да се изладат.
- Во чаша ставете го сокот од круши, па изладените брусници и на крај дополнете ја со шампањ.
Коктел со мед и круши
Малку покомплициран од останатите два, но вреди да го пробате ако имате повеќе време за приготвување.
Потребни состојки:
- 6 круши
- Мед
- Балсамико оцет
- Цимет
- Мускатно оревче
- Јаболков сок или вода
- Екстракт од ванила
- Шампањ
- Кафеав шеќер
- Свеж рузмарин за декорација
Начин на подготовка
- Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и обложете ја тавата со хартија за печење.
- Исечете ги крушките на четвртини или половини и отстранете ги семките.
- Во мала чинија измешајте по една лажица мед, балсамико оцет и цимет. Додајте малку мускатно оревче.
- Премачкајте ги крушите со смесата, па ставете ги да се печат во загреана рерна околу 20-25 минути или додека не добијат златнокафеава боја.
- Откако ќе се изладат, ставате ги во блендер.
- Додајте екстракт од ванила, јаболков сок (колку да добиете течна смеса) и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
- Ставете го сокот од круши во голем стаклен сад за сервирање и додајте едно шише шампањ (околу 750ml) и добро измешајте.
- Пред да го послужите, ставете кафеав шеќер на работ на чашата, па во неа ставете го коктелот.
- На крај украсете со свеж рузмарин.
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак
Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...

По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви?
Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми
На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...

4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен
Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...

Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома?
Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...

Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот)
Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
-->