Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Една грешка со која го забавувате метаболизмот и не можете да ослабите

Добро познат факт е дека за да ослабите, треба да внесувате помалку калории отколку што согорувате во текот на денот. Но, внесувањето премалку калории, односно гладувањето, може да го има спротивниот ефект – да го забрза складирањето масти, но и да предизвика низа здравствени проблеми.

Ne-mozete-da-oslabete-samo-poradi-ovaa-greshka-01.jpg

Секој од нас сака да има витка линија, но многумина несвесно прават одредени грешки. 

Диетата со калориски дефицит, која подразбира консумирање помалку калории отколку што се согоруваат, е основата за губење на телесна тежина.

Сепак, ова може да стане контрапродуктивно доколку не внесувате доволно калории, за почеток.

Нашите тела се неверојатно паметни и кога драстично го намалуваме внесот на калории, телото знае дека не јадеме доволно и ја намалува брзината со којашто ги согорува калориите, а со тоа го забавува нашиот метаболизам.

Ова е процес што некои луѓе го нарекуваат „режим на гладување“.

Нашето тело ќе почне да ги складира мастите што веќе ги имаме во телото бидејќи предвидува дека повеќе нема да добива храна.

ne-mozete-da-oslabite-samo-poradi-ovaa-greshka-ne-ste-svesni-kako-go-usporuvate-metabolizmot-02.jpg

Наместо да јадете драстично помалку, фокусирајте се на она што го јадете и погрижете се тоа да биде здраво и хранливо.

Не треба да практикувате прескокнување оброци. Недостигот на калории во текот на денот ќе нè принуди да посегнеме по најбрзите решенија, кои најчесто се и нездрави.

Храната е гориво и никогаш не треба да се прескокнува. Фокусирањето на три оброци богати со протеини и хранливи ужини е многу поздрав начин за одржување на калорискиот дефицит и слабеење.

Протеините се потребни за раст на мускулите, но и поради многу други причини, вклучително и одржување на здрава тежина.

Затоа, погрижете се да уживате во храна богата со протеини во секој оброк, како пилешко, мисиркино, риба, морска храна, тофу, јајца, говедско месо, млечни производи, јаткасти плодови и мешунки.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg