Не е забранет ниту помфритот: Со диетата 16/8 ќе ослабете додека ја јадете омилената храна
Доколку сонувате за диета со која ќе може да јадете сè што ќе посакате, тогаш идеалното решение за вас е режимот на исхрана наречен 16/8.
Овој режим на исхрана не подразбира математички равенки, броење калории, бодување на продукти за исхрана… туку исхрана распоредена во временски интервали.
Времето на рестрикција трае 16 часови, а во храната може да уживате 8 часа. Со цел ефектот да биде уште поголем, еден ден во неделата треба да ви е посветен на детокс на организмот и тогаш да внесувате само супа или зелен чај.
Со ваквиот начин на исхрана, за една недела би можеле да ослабите еден килограм. Ова е здраво слабеење, без таканаречениот јо-јо ефект, што значи килограмите нема да се вратат.
Времето на рестрикција вообичаено започнува од 20 часот навечер и трае до пладне утредента. Но, вие секако може да го смените интервалот на „пауза“ од храна, во зависност од вашите обврски и дневниот распоред.
Иако периодот на рестрикција го опфаќа традиционалното, утринско време за појадок, тие што го испробале овој начин на исхрана тврдат дека прескокнувајќи го појадокот се чувствуваат многу подобро и полесно, бидејќи организмот „црпи“ енергија од складираните резерви на масти.
Секако, секој организам функционира различно, па токму затоа, не значи дека овој режим му одговара на секое тело и не треба да експериментирате доколку не е добар за вас.
Ручекот вообичаено се „темпира“ да биде околу 16 часот, а вечерата околу 19 часот, што значи дека телото после тој оброк не смее да добива никаква храна.
Во осумчасовната фаза на јадење може да консумирате речиси сè. Дозволени се дури и хамбургери и помфрит, но нормално не треба да претерувате.
За подобри резултати се препорачува избалансиран начин на исхрана.
Треба да вклучите многу зеленчук, мешунки, ореви, малку риба, јајца и пилешко, исклучиво интегрален леб, цели зрна.
Телото треба да биде обезбедено со добар извор на влакна, протеини и јаглехидрати.
Но, во периодот на ограничување, односно рестрикција, кога е пожелно да внесете нула калории, сепак е дозволено:
Вода, и тоа што е можно повеќе. Честопати го мешаме чувството на глад со чувство на жед, па во отсуство на течности во организмот, посегнуваме по храна.
Гуми за џвакање (без шеќер) – им помагаат на многу луѓе во рестриктивната фаза, кога сè уште им се џвака нешто поради недостаток на храна.
Кафе и црн чај бидејќи го намалуваат чувството на глад. Овие пијалаци истовремено согоруваат маснотии.
Пример за еднодневно мени
По будењето: вода или чај
Прв оброк (крај на рестриктивната фаза): овесна каша или кајгана со интегрален леб + кафе или чај
Ужина (пред ручек): бадеми, ореви, лешници.
Ручек (околу 16 часот): печена риба или пилешки гради со зеленчук на скара
Ужина: овошје по ваш избор, можеби дури и мало парче торта или малку сладолед
Вечера (околу 19 часот): варен компир прелиен со маслиново масло, варена брокула, парче риба по ваш избор.
Бидејќи станува збор за голема промена во начинот на исхрана, препорачливо е да се консултирате со лекар пред да ја почнете диетата.
(О)Милена | Црнобело