Кинеско 5-дневно мени за топење килограми и чистење на организмот

Иако летото заврши, тоа не значи дека треба да го запуштите изгледот и да престанете да се грижите за здравиот животен стил.

kinesko-5-dnevno-meni-za-topenje-kilogrami-i-chistenje-na-organizmot-01.jpg

Правилната исхрана треба да се практикува независно од сезоната, а на многумина тоа веќе им е јасно.

Посебно е добро да се ставите во ред пред да почнат зимските месеци, кога на сите им е тешко да ја одржуваат фигурата.

Оваа кинеска диета е ефикасна и содржи разновидна храна, вклучува многу течности, свеж зеленчук и овошје, ориз и риба.

Менито е составено според принципи за балансирана исхрана, а секое утро за време на тој период треба пред појадок да пиете 400 ml сварена вода која потоа ќе ја изладите на температура погодна за пиење.

Со тоа ќе ги исчистите цревата и ќе ги забрзате метаболитичките процеси, а со тоа ќе се регулира и варењето.

Погледнете го 5-дневното мени:

Прв ден

Појадок: 150 g свежа зелка, 200 ml минерална вода

Ручек: 4 лажици варен ориз, 150 g салата од рендан морков и маслиново масло, 200 ml кисела вода

Вечера: 150 g варена риба, мало парче ржан леб, неколку листови зелена салата, 200 ml зелен чај

kinesko-5-dnevno-meni-za-topenje-kilogrami-i-chistenje-na-organizmot-02.jpg

Втор ден

Појадок: 150 g салата од морков со маслиново масло, парче печен ржан леб, 200 ml кисела вода

Ручек: 200 g салата од морков + зелка + марула + целер, парче ржан леб, 200 ml свежо исцеден сок од јаболка без шеќер

Вечера100 g варен ориз, листови зелена салата, ½ цитрон, 200 ml минерална вода

kinesko-5-dnevno-meni-za-topenje-kilogrami-i-chistenje-na-organizmot-03.jpg

Трет ден

Појадок: 200 g салата од јаболка + круша + портокал + банана  и 200 ml цеден сок од портокал без шеќер

Ручек: 250 g варен морков, 150 g зелка салата со сок од лимон, парче ржан леб, 200 ml минерална вода

Вечера: 250 g пржени печурки (без масло), мал варен компир, 200 ml минерална вода

kinesko-5-dnevno-meni-za-topenje-kilogrami-i-chistenje-na-organizmot-04.jpg

Четврти ден

Појадок: јаболко, портокал, парче печен ржан леб, 200 ml свежо исцеден сок од портокал без шеќер

Ручек: 300 g варен аспарагус со ориз и босилек, јаболко, парче ржан леб, 200 ml минерална вода

Вечера: 200 g варена риба, два мали варени компира, парче ржан леб, 200 ml зелен чај

kinesko-5-dnevno-meni-za-topenje-kilogrami-i-chistenje-na-organizmot-05.jpg

Петти ден

Појадок: 150 g оризова каша варена во вода, 200 ml кисела вода

Ручек: 200 g зелка салата, парче ржан леб, 200 ml кисела вода

Вечера: 200 g зелка салата, морков, зелена салата и маслиново масло, парче ржан леб, 200 ml минерална вода

kinesko-5-dnevno-meni-za-topenje-kilogrami-i-chistenje-na-organizmot-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg