Најидеалниот појадок за слабеење – сити, а ќе го изгубите вишокот на килограми
Секоја личност следи и преферира свој сопствен план за слабеење, но нутриционистите истакнуваат дека овој трик кој се однесува на појадокот успешно го топи салото кај секој човек.
Доколку сакате да го изгубите вишокот килограми, никако немојте да го прескокнувате појадокот. Истражувањата покажуваат дека може да намалите 13 kg доколку го одберете правилниот вид на храна за појадок.
Појадокот треба да ви биде богат со протеини (сирење, јајца, јогурт, јаткасти плодови) и растителни влакна (овесни снегулки, леб од цели зрна, житарки).
Ваквиот појадок не само што ќе ве засити и ќе ви даде доволно енергија, туку ќе ви го забрза и метаболизмот.
Се советува калориската вредност на појадокот да изнесува од 250 до 300 калории, а најдобар трик за слабеење е прво да појадувате, а потоа да вежбате. На овој начин ќе ги зачувате само важните добри нутриенти од појадокот, а ќе ги согорите јаглените хидрати.
За идеалниот појадок за слабеење се препорачуваат јајца (најдобро варени) и овесна каша. Нема да погрешите доколку во кашата додадете и банана која ќе делува како вистинска енергетска бомба, како и малку јаткасти плодови.
Резултатите сепак нема да бидат видливи доколку воопшто не вежбате и доколку во останатиот дел од денот не внимавате на количината како и изборот на намирници кои ги консумирате.
(О)Милена | Црнобело