Што би рекле денешните нутриционисти за режимот на исхрана на Мерилин Монро?

Платинестата русокоса и денес важи за една од најубавите холивудски дами. За неа е врзана етикетата „секс-симбол“, бидејќи гордо ги откривала своите раскошни облини и јадела она што сакала да го јаде таа.

Sto-bi-rekle-denesnite-nutricionisti-za-rezimot-na-ishrana-na-Merilin-Monro-01.jpg

Мерилин Монро била првата жена во Холивуд која отворено зборувала за својот режим на исхрана.

Во статија објавена во 1952 година во списанието „Pageant“ со насловот „How I stay in Shape“ или „Како ја одржувам својата фигура“, тогашната 26-годишна актерка открила дека никогаш не го сметала сопственото тело за исклучително.

Висока околу 160 cm, нејзината тежина варирала помеѓу 50 и 60 kg, но таа никогаш не се оптоварувала со бројката на вагата.

Особено сакала да јаде месо и јајца, а го открила и рецептот за „магичниот“ пијалак кој го пиела секое утро затоа што ѝ давал енергија и виталност.

Појадок

„Сум слушнала дека мојот режим на исхрана се смета за невообичаен, но јас не мислам така. Секое утро пред да се истуширам загревам чаша со млеко и додавам 2 јајца. Ги мешам со виљушка и го пијам напитокот заедно со витамините додека се облекувам.

Мислам дека докторите не може да понудат похранлив појадок за вработена девојка која секогаш брза некаде“, објаснила Мерилин.

Ручек и вечера

Ручекот на Мерилин подразбирал добро парче месо, а наместо да му ја даде вечерата на непријателот како што советува познатата поговорка, ова бил омилениот оброк на русокосата убавица.

Таа најчесто вечерала парче јагнешко месо или џигерчиња кои ги јадела со неколку свежи моркови.

Денот вообичаено го завршувала со омилениот десерт – сладолед.

Sto-bi-rekle-denesnite-nutricionisti-za-rezimot-na-ishrana-na-Merilin-Monro-02.jpg

Тренинг

„Секое утро откако ќе си ги измијам лицето и забите, легнувам на подот покрај креветот и вежбам. Правам едноставно вежби за прекрасни гради: кревам 3 kg тежина и ги растегнувам своите раце во различни правци – 5 пати полека. Потоа, бавно ги спуштам рацете да дојдат под агол од 45 степени од подот и ги раздвојувам додека не се уморам. Не ги правам вежбите според правилата. Не можам да ја трошам својата енергија“.

Денешните експерти и нутриционисти веројатно би биле згрозени од ваквата рутина. Би приговарале поради фактот што Мерилин консумирала живи јајца. Што јаде толку многу месо. Што јаде пржено и слатко…

Сепак, холивудскиот нутриционист Хала Ел-Шалфи дава пофалби за нејзиниот начин на исхрана и е уверен дека токму Мерилин би била згрозена кога би видела со кои навики и рутини ги мачат своите тела ѕвездите на денешницата.

„Мерилин јадела здрава, непроцесирана храна, а исхраната ѝ се базирала на здрав разум. Не прескокнувала оброци, па нејзиниот организам ѝ обезбедувал доволна количина на протеини, а не заборавала да се почести и со десерт“.

Што мислите вие за режимот на исхрана на Мерилин Монро?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg