2 недели пред одмор: Брза бразилска диета за идеална фигура на плажа
За оние кои не сакаат брзо слабеење за 3 дена, но сепак ги очекува во блиска иднина летниот одмор, оваа бразилска диета е идеален избор.
Се верува дека во период од 2-4 недели може да се ослабе околу 10-12 килограми, а многумина ја сметаа за еден вид здрава диета.
Според правилото на бразилската диета, треба да јадете 5 пати на ден, а на менито во главно се наоѓа овошје и зеленчук.
Секако, како и со останатите диети, пожелно е паралелно да се практикува и физичка активност, барем во умерен облик.
Диетата точно наложува што треба да се јаде секој ден од неделата, па погледнете како изгледа неделното мени:
Понеделник
Појадок: банана, портокал, чаша сок од цеден портокал
Ужина: сок од цеден портокал и тост лепче
Ручек: 100g бела риба, 100g салата од свежо овошје по избор
Вечера: Исто како ручекот
Пред спиење: чаша сок од цеден портокал и тост лепче
Вторник
Појадок: едно варено јајце, чаша сок од свежи јаболка
Ужина: едно тост лепче, чаша сок од свежи јаболка
Ручек: 100g варено месо, 2 варени компира, 4 листа зелена салата
Вечера: 200g варена риба, тврдо варено јајце, зелена салата, грашок
Пред спиење: една чаша сок од свежи јаболка и тост лепче
Среда
Појадок: една шолја немасно млеко и едно тост лепче
Ужина: 100g немасно сирење
Ручек: 100g ориз, 150g салата од свежа зелка со лимон и магдонос
Вечера: 100g варено месо, 4 листа зелена салата и јаболко
Пред спиење: една чаша сок од свежи јаболка и едно тост лепче
Четврток
Појадок: една чаша сок од ананас, 60g свеж ананас
Ужина: една шолја сок од ананас и едно тост лепче
Ручек: 100g варено месо, мало парче сирење и еден портокал
Вечера: два варени компира, 150g салата од свеж морков со маслиново масло
Пред спиење: една чаша сок од ананас и едно тост лепче
Петок
Појадок: Една чаша сок од свежи јаболка и едно тост лепче
Ужина: едно јаболко и еден портокал
Ручек: 150g варена риба и два варени моркова
Вечера: една чинија чорба од зеленчук (или печурки) и едно тост лепче
Пред спиење: една чаша сок од портокал и едно тост лепче
Сабота
Појадок: една чаша сок од свежи јаболка и едно тост лепче
Ужина: 150g варено цвекло со малку масло
Ручек: една чинија чорба од зеленчук/печурки/риба и едно тост лепче
Вечера: 100g пржени печурки и 100g салата од свеж зеленчук по желба
Пред спиење: една чаша сок од свежи јаболка и два кекса со путер
Недела
Појадок: една банана и една шака суво грозје
Ужина: една чаша сок од моркови и едно тост лепче
Ручек: 100g варено месо, 100g салата од свежа зелка, лук и сок од еден лимон
Вечера: една чинија свеж зеленчук или зеленчукова/рибја чорба, 100g овошје по желба и 4 листа зелена салата
Пред спиење: една чаша сок од свежи јаболка и две суви смокви
По држење на диетата од 2-4 недели, не ја повторувајте веднаш независно од резултатите. По завршувањето потребно е полека да се вратите и на дополнителна исхрана со намирници богати со протеин, а менито треба уште да ви вклучува овошје и зеленчук.
М. М. | Црнобело