Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За 10 месеци минус 40 kg - скандинавска диета на долги патеки за оние кои сакаат да слабеат здраво

Причината поради која сите ја обожаваат оваа диета е фактот што таа не е рестриктивна и може да ја практикува скоро секој.

Skandi-sens-dieta-za-onie-koi-sakaat-da-slabeat-zdravo-01.jpg

Дали сте слушнале за „Сканди-сенс“ диетата? Еднo на 50 лица во Скандинавија во моментов ја држи токму оваа диета, а нејзиниот автор која воедно е мајка на 5 деца тврди дека со нејзина помош изгубила дури 40 kg за само 10 месеци.

Како функционира оваа диета?

1. Потребно е дневно да јадете по 3 оброци.

2. Секој оброк се состои од 4 делови чија големина треба да одговара на вашата рака, односно секој дел да има онолку храна колку што може да ви собере во една тупаница.

3. Два дела од оброкот му припаѓаат на зеленчукот кој може да биде свеж, обарен (или на пареа) или пак печен.

4. Третиот дел од оброкот треба да содржи протеини, од типот на јајца, риба или месо по избор.

5. Четвртиот дел очекувано им припаѓа на јаглените хидрати – ориз, паста, интегрални житарки или пак овошје.

Во секој ваков оброк е дозволено да употребите до 3 големи лажици масло, а доколку за појадок не ви се јадат јаглени хидрати слободно може да ги замените со дополнителна порција зеленчук или протеини.

Најважно е да имате добро балансиран оброк, а оваа диета нема временско ограничување. Може да ја држите без проблем со недели, месеци, па дури и години.

Skandi-sens-dieta-za-onie-koi-sakaat-da-slabeat-zdravo-02.jpg

Ова е само една од многуте комбинации кои може да ги консумирате во текот на денот:

  • Појадок – 2 јајца, обарени брокули и тост од интегрални житарки.
  • Ручек – Пилешко месо, печен сладок компир, динстани тиквички со пиперки.
  • Вечера – Лосос, кафеав ориз, грашок, морков и боранија.

Доколку ви е тешко да се придржувате кон одбраните намирници на почетокот дозволено е да вметнете и една здрава (но не толку калорична) ужина помеѓу оброците.

Сепак, ова е здрав режим на исхрана, а не инстант-диета со која би симнале нереални 12 kg две недели.

Ова не е магично стапче, туку долгорочно решение кое ќе ви го симне вишокот килограми и ќе ве одржи здрави и полни со енергија.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg