Виножито диета со која ќе ослабете до лето и ќе го подобрите здравјето
Сите сакаат да бидат во добра форма додека да дојде летото, па дури и порано, со оглед на нетрпението.
Во периодот на диети, опседнатост со здрав начин на исхрана и вежбање, ви нудиме хит диета која има повеќе користи.
Освен што ќе ви помогне да ја постигнете посакуваната тежина, ќе ви бдие од голема корист и за здравјето. Наречена е виножито диета, бидејќи е составена од храна во сите бои, а секоја од нив има различен придонес.
Доброто е тоа што не мора да размислувате за вашите оброци – едноставно, заменете ги сите штетни работи со овошје и зеленчук во сите 5 бои и подобрувањето ќе дојде само по себе.
Пролетна, лесна и ефективна диета во која ќе уживате , без да се мачите.
Правилата се лесни и едноставни – јадете 5 шолји овошје и зеленчук во 5 различни бои, секој ден.
Црвена храна: јагоди, лубеница, розов цитрон, цвекло, малини, црвен кромид, домат и уште многу други.
Бенефит: богата со антиоксиданси, витамини и други состојки кои имаат анти-воспалителни својства и го намалуваат ризикот за рак.
Жолта и портокалова храна: лимон, морков, тиква, пченка, жолти јаболка, праски, кајсии, диња, ананас и сл.
Бенефит: Во оваа храна има многу бета каротен и витамин Ц, кои се одлични за заштита на кожата, го подобрува видот, помага во намалување на ризик од рак, срцеви заболувања, катаракта, артритис или оштетување на крвните садови.
Бела храна: карфиол, кромид, лук, дајкон и уште многу други работи кои ќе ги сретнете на пазар.
Бенефит: Белата храна содржи антиоксиданси и состојки кои имаат антивоспалително својство, па спречува проблеми со срце и го зајакнува имунолошкиот систем. Кромидот е одличен пробиотик, а лукот има состојка која помага при намалувањето на шеќерот во крвта.
Зелена храна: спанаќ, краставица, магдонос, лимета, тиквички, аспарагус, марула, авокадо, киви, зелени јаболка, брокула, боранија и уште многу други.
Бенефит: Хлорофилот кој се состои во зелената храна помага при спречување на рак, како и во детоксикација на црниот дроб, а одржува добра контрола над тежината.
Сина и виолетова храна: виолетова зелка, боровинки, грозје, црни рибизли, модар домат, сливи, аронија и уште многу други.
Бенефит: Сината и виолетова храна помага при намалувањето на ризикот од рак, а е одлична и за уринаторниот тракт. Антоцијанинот кој се состои во оваа храна, се бори против оштетата во клетките и го поттикнува здравјето на срцето, намалува холестерол и помага во борба со прекумерна тежина.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:




