Селена грицка чипс, Ким се „дави“ во сладолед: Нездрава храна на која ѕвездите не ѝ одолеваат
Пред да се прекорите за парчето капричиоза, или, пак, чоколадната торта што неодамна ги изедовте, имајте на ум дека ни вашите идоли не се ништо подобри.
И познатите личности се луѓе од крв и месо. Се придржуваат до строги режими на исхрана, но и тие паѓаат во искушение да си ја почестат душата со нешто мегакалорично, а неодоливо вкусно.
Па, зарем некој може да остане рамнодушен на пржени компирчиња и сладолед? Иако се сметаат за „нездрави“, сосема е нормално да ви се пријадат. Ниту познатите фаци не се исклучок.
Ова се оброците на кои ни славните убавици не можат да им одолеат:
Блејк Лајвли
Познатата глумица обожава да готви и пече колачи. Во една прилика, таа дури и призна дека така го освоила нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Оттука, не е изненадување што Блејк не може да им одолее на слатките.
Мајли Сајрус
На својот профил на Инстаграм, пак, бунтовната пејачка се пофали со фотографија, кадешто таа и нејзината сестра уживаат со голема порција чоколаден сладолед.
Бела Хадид
Таа е манекенка во топ форма. Но, истовремено е и страсна љубителка на мрсна храна. Неодамна, следбениците на социјалните мрежи ги изненади со фотката во чиј опис напиша: „Ова сум вистинската јас!“.
Облечена во бела маичка и фармерки, Бела јаде пица со насмевка на лицето.
Селена Гомез
Cheetos им е омилениот чипс на мноштво Американци. Го обожава и Селена Гомез. Пејачката откри дека не може да издржи без него, како ни без чоколадо. Неопходни ѝ се на секоја турнеја.
Хејли Болдвин
Кој вели дека манекенките ги избегнуваат рестораните за брза храна? На пример, познатата манекенка Хејли Болдвин уживаше во вкусниот и калоричен оброк од McDonald’s.
Клое Кардашијан и Кајли Џенер
Двете славни сестри не можат да живеат без пржено пилешко. Па, ова им е омилената храна за долгите авионски летови на Клое и Кајли.
Ким и Кортни Кардашијан
Сигурно сте прочитале барем стотина текстови за прехранбените навики и ригорозните диети на Ким Кардашијан. И нејзината сестра Кортни е позната по здравиот начин на живот.
За промена, погледнете како обете дами се заблажија со огромен куп сладолед пред неколку дена.
Кара Делевињ и Кендал Џенер
Двете млади госпоѓици важат за едни од најбараните модели на денешницата. Сепак, ова не ги спречува да си каснат една голема порција со пржени компирчиња, а наводно, ниту тие не им одолеваат на слатките.
Емили Ратајковски
Во една прилика, презгодната Емили истакна дека мрази да готви, ама обожава да јаде. Особено сака да пробува од локалната кујна на патувањата. Така, на обожавателите на Инстаграм им покажа како се ужива во Рим – со пица и чаша добро црвено вино.
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:




