Зошто ги враќате килограмите и покрај успешната диета?

Синдромот наречен „дебела стапица“ веројатно им е познат на многумина од нас. Сте држеле некаква диета или ригорозно сте следеле режим на исхрана, кој се покажал како успешен експеримент.

Zosto-gi-vrakjate-kilogramite-i-pokraj-uspesnata-dieta-01.jpg

Но, за кратко време успеавте да ги вратите сите изгубени килограми, па дури и да накачите неколку плус.

Зошто се случува ова и како да го спречиме „јо-јо“ ефектот од диетите?

Јадете исто онолку храна како пред да започнете со диетата

Сосема нормално е после драстичното губење на килограми малку да се опуштите. Во смисла, не сте толку фокусирани на целта, бидејќи веќе сте ја постигнале идеалната тежина. Па си велите, ќе се опуштам само малку. Ќе каснам од „забранетите“ работи само неколку денови.

Тие неколку денови се поврзуваат во недели непрекинато јадење на сè она што сте си го крателе од менито во текот на диетата. Додека се свестите, вие веќе јадете исто онолку храна како и пред да започнете со промените.

Зарем е некакво чудо што ги враќате килограмите назад?

Премногу сте напнати

Стресот си го прави своето. Иако најчестото верување е дека луѓето немаат апетит во стресни ситуации, вистината е дека јадеме многу повеќе кога сме нервозни.

Најчесто не бираме што јадеме, ниту пак внимаваме на изедената количина. Ова е најлошиот тип на јадење – нездраво, брзо и несвесно. Ниту уживаме во храната, ниту правилно ја џвакаме, туку само „буткаме“ храна со цел да ја пополниме емоционалната празнина и да ја избришеме нервозата.

Вежбате сè поретко

Откако ја постигнавте целта, решивте да успорите со темпото на вежбање. Повеќе нема потреба да одите во теретана 5 пати неделно или да трчате по 5 km, нели? Доволна ќе ви биде и половина од физичката активност која ја практикувавте.

Погрешно. Потребно е да продолжите со истото темпо како и претходно, ако не и малку повеќе со цел да го одржите бројот на килограми, без значителни осцилации.

Не спиете доволно

Дали сте знаеле дека ако си скратите само 30 минути од сонот, шансите за здебелување се покачуваат за неверојатни 17%?

Колку часа спиете? Доколку одговорот е помалку од 7 часа во текот на ноќта, време е да го смените тоа. Квалитетниот сон е клучен за одржување на посакуваната бројка на вагата. Недостатокот од сон резултира во константен немир и зголемен апетит = на повеќе храна и побрзо здебелување.

Јадете брзо подготвена наместо здрава домашна храна

Се преморивте од подготовка на здрава храна, свежи салати, месо на пареа? Па се чини дека најбрзо се прави готовата супа од ќесичка или загревањето конзерва во микробрановата.

Доколку ги сменивте сите ваши навики за подготовка на здрава храна и се префрливте на онаа брза и мрзелива солуција, не чудете се зошто изгубените килограми повторно се враќаат.

Се наградувате на погрешен начин

На сите нам добропознат ни е терминот „cheat day“. Тоа е добра идеја само за оние што навистина се држат до ригозорен режим на исхрана и вежбање, што се премногу дисциплинирани и знаат за мерка.

Кај некои овој „слободен ден“ за храна за врзува во неколку денови без мера. Наградата не е само една палачинка или една пица, туку тројно удвојување на количината. Додадете малку газирани пијалаци, малку алкохол непотребни солени грицки и сиот претходен труд го фрлате низ прозорецот.

Не обрнувате внимание на протеините

Претходно точно знаевте колку gr. месо внесувавте дневно. Внимавајте и на количината на риба, односно омега-3 мастите, како и на јаткастите производи. Варевте киноа и амарант, односно го користевте секој можен начин да внесете протеини во исхраната.

Сега ги имате сè помалку застапени на менито. Да повториме, протеините слабеат, шеќерите дебелеат. И точка.

Сте започнале нова терапија

Понекогаш вината за брзото враќање на килограмите лежи во терапијата препишана од страна на докторот. Дали земате антидепресиви или пак можеби примате некаква хормонска терапија? Во тој случај, колку и да се трудите, знајте дека слабеењето и одржувањето на посакуваната тежина е двојно потешко.

Пиете повеќе алкохол отколку претходно

Успеавте да издржите 6 месеци без ниту една капка алкохол, а ова е веќе трет ден како се налевате со омилениот пијалак? Алкохолот носи празни калории кои влијаат погубно за килограмите. Воедно, со себе носи и храна, односно мезето кое оди рака под рака со алкохолот, а сите знаеме како завршува таа приказна.

Имате проблем со стомакот

Забележувате ли некои проблеми со дигестијата, односно варењето на храната? Дали имате редовна столица? Или пак можеби имате грчеви, дуење на стомакот или гасови?

Можно е да сте почнале да внесувате тип на храна која ви ги предизвикува сите овие проблеми или пак ви недостасуваат здрави пробиотици во исхраната.

Во секој случај, ваквите здравствени проблеми влијаат на брзо накачување на килограми.

Сте ја скриле вагата во плакарот

Откако ослабевте решивте повеќе да не се заморувате со бројката, па едноставно ја скривте вагата во плакарот или под креветот. Лесно е да се опуштиш кога вагата не ти е пред очи.

Затоа не правете ја оваа грешка. Наместете ја на видно место и мерете се буквално секое утро по станувањето. Нека вагата ви стане вашето најдобро другарче и коректив на вашите грешки.

Пиете повеќе кафе отколку претходно

Чувствувате глад и најлесно е да посегнете по шолја кафе, зарем не? Дали сте знаете дека организмот го третира кафето буквално како оброк? Доколку бројката на дневно испиени кафиња поминува 3, време е да ја намалите количината и да ја замените со зелен чај.

Покрај тоа што кафето го сузбива апетитот само накратко, не ви прави никаква друга услуга. По некое време ви се јаде уште повеќе бидејќи ви „копа дупка“ во желудникот, а ако сте од оние кои го пијат кафето со шеќер и други слатки додатоци, не чудете се како внесувате толку многу дополнителни калории.

Седите цел ден

Се заборавате пред компјутерот по неколку часа без да направите пауза, да се протегнете и да прошетате? Ниту една диета или вежбање нема да ви помогнат во одржување на тежината доколку не го мрднете газот цели 5 часа непрекинато.

Не консумирате јаглени хидрати

Сè уште мислите дека јаглените хидрати се вашиот најголем непријател кој влијае на покачување на телесната тежина? Погрешно. 20% од дневната исхрана треба да содржи здрави јаглени хидрати, односно целозрнести интегрални лебови или мешунки.

За среќа, новите лебови имаат одличен вкус слично како и белиот леб, за кој се колнеме дека не можеме да живееме без него.

Почнавте да го прескокнувате појадокот

Досадно е да се слуша, но да повториме: Појадокот е најважниот оброк во денот. Или како што вели старата кинеска поговорка: Појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателот, а вечерата дај му ја непријателот.

Не го прескокнувајте појадокот. Појадувајте здраво и обилно и никогаш не му давајте предност на кафето наутро пред храната.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg