11 мали чекори кои треба да ги научите напамет за да изгледате добро во бикини

Во лето постојано бараме план за исхрана или диета која преку ноќ ќе ни го избрише она што сме го таложеле цела година.

11-mali-cekori-koi-treba-da-gi-naucite-napamet-za-da-izgledate-dobro-vo-bikini-01.jpg

Бидејќи тоа е невозможно, важно е да се соочите со она што е реално изводливо.

А, овие 11 мали чекори се токму такви – лесни и изводливи, а ќе ве подготват за во бикини експресно брзо.

Поставете реални цели

Поставете мини цели за краток временски период. Тоа ќе ви даде поголема мотивација и помалку разочарувања. Не планирајте дека за 2 месеци ќе станете топ модел со 60 килограми.

Обилен појадок и лесна вечера

Едноставно е, сите ја знаеме „појадувај како крал, вечерај како сиромав.“

11-mali-cekori-koi-treba-da-gi-naucite-napamet-za-da-izgledate-dobro-vo-bikini-02_copy.jpg

Идентификувајте кога сте гладни, а кога само жедни

Внимателно следете колку течности пиете во текот на еден ден. Кога и да почувствувате глад, прво испијте малку вода, па воочете дали сепак се работи за дехидратација.

Јадете малку, а често

Долгите паузи меѓу оброците ве тераат да се прејадувате и да јадете брзо. Ако јадете често, ќе јадете помалку.

Учете да готвите, секој ден

Не се вадете на тоа „не ме бива во кујна“.

11-mali-cekori-koi-treba-da-gi-naucite-napamet-za-da-izgledate-dobro-vo-bikini-03.jpg

Планирајте ги оброците на неделно ниво

Така нема да западнете во нездрава замка следен пат кога ќе влезете во супермаркет, бидејќи не знаете што ќе ручате денес.

Наградете се

Психолошки гледано, секогаш ќе го сакате она што „не смеете“ да го каснете. Затоа, не поставувајте строги граници.

Намалете ги порциите

Јадете од помали чинии и прелажете го мозокот.

11-mali-cekori-koi-treba-da-gi-naucite-napamet-za-da-izgledate-dobro-vo-bikini-04.jpg

Сите правиме грешки...

Прифатете ги моментите на слабост без да се обвинувате уште 5 дена потоа. Грешката е направена, време е да се вратите на здравата рутина.

Имајте позитивен став

Кога сте фрустрирани и на раб да се откажете, никогаш нема да успеете. Запишувајте го секој мал успех и ќе видите промена.

Насочете го стресот

И не кон храната. Најдете физичка активност која соодветно ве троши.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg