Како да се храните, ако имате тело со облик на круша, јаболко, песочен часовник...?
Секој облик на тело е уникатен и посебен, но сте се запрашале ли зошто кај некои луѓе одредени места се посклони кон таложење на масни наслаги?
Кај некои тоа е делот околу половината, кај други тоа се задникот и колковите, додека кај трети тоа се долниот дел од стомакот и нозете.
Наједноставниот начин за да го спречите ваквото таложење на масти е да знаете кој е обликот на вашето тело и според тоа да определите начин на исхрана.
1. Тело во форма на правоаголник
Жените со вакво тело имаат тесни колкови и недефинирана половина. Иако мала е можноста да добијат вишок килограми, нивната храна треба да вклучува здрави масти (авокадо, бадеми, лосос...) и растителни протеини.
2. Тело во форма на јаболко
Ваквата форма на тело најчесто се поврзува со таложење масти во пределот на половината. Затоа, совршениот начин на исхрана е јадењето малку, но често. Јадете храна богата со влакна, овошје, зеленчук, витамин Ц и млечни производи со ниска масленост. Избегнувајте храна која предизвикува гасови и отекување, како што се брзата храна, лебо и одредени видови зеленчук.
3. Тело во форма на круша
Ваквиот облик на тело се карактеризира со тесни раменици и широки колкови. Токму колковите се местото каде се таложат најмногу наслаги.
Ако припаѓате на оваа група треба да јадете месо, риба, млечни производи и храна богата со протеини. Овошјата како лубеница или ананас се одлични за прочистување на телото од токсини кои го забавуваат метаболизмот.
4. Тело во форма на песочен часовник
Иако ова е најпосакуваната форма на тело, жените со овој облик често се жалат дека имаат вишок масни наслаги по целото тело.
Токму затоа за ова група се препорачуваат повеќе помали оброци на ден, како и поголем внес на овошје и зеленчук. Заради ризикот од високо ниво на шеќер во крвта треба да внимавате на внесот на благо и рафинирана храна (бел леб, паста и ориз) и да ја замените со храна од цели зрна.
М. С. | Црнобело