Хит диетата за 2017-та година која ги победи Палео и Аткинс - DАSH диета

Веќе седма година по ред ја добива титулата за најдобра диета за целокупното здравје и слабеење, по мислењето на многу стручни лица.

hit-dietata-za-2017-ta-godina-koja-gi-pobedi-paleo-i-atkins-dash-dieta-1.jpg

DASH диетата е првично осмислена за намалување на високиот крвен притисок, за подоцна сите лекари и нутриционисти да ја препорачуваат како идеален тип на исхрана.

И оваа година зад себе ги остави Аткинс и Палео диетите, а се базира на овошје, зеленчук, цели зрна и безмасно месо, а најважно во DASH исхраната е да го намалите внесот на сол, преработени шеќери, маснотии и црвено месо.

Стручните оценуваат дека ова е една од ретките диети кои немаат јо-јо ефект.

Основни насоки:

- Дневниот внес на соли се ограничува на 1 чајна лажичка

- Во текот на еден ден се јаде најмногу свежо овошје и зеленчук

- Обичните житарки се заменуваат со цели зрна

- Се избегнува индустриски преработена храна

- Се бираат безмасни извори на протеини како риба и мешунки

hit-dietata-za-2017-ta-godina-koja-gi-pobedi-paleo-i-atkins-dash-dieta-2.jpg

Помалку активните лица треба да внесуваат околу 2.000 калории дневно, додека активните лица смеат да си дозволат 2.200 калории.

Луѓето кои имаат од 30 до 51 година смее да внесуваат околу 1.800 калории, а постарите од 51 година - 1.600 калории, доколку имаат „седечка“ работа.

Просечно активните лица смее да внесуваат до 2.000, односно 2.200 калории соодветно возраста, додека третата група на луѓе - најактивните, имаат дополнителни 200 калории во текот на еден ден.

Отприлика менито изгледа вака:

Појадок:

100g овесна каша со 1 шолја (240ml) млеко, половина шолја (75g) боровинки и чаша свеж сок од портокал

Меѓуоброк:

1 средно јаболко и 1 шолја (285g) павлака

Ручек:

1 шолја (285ml) супа од зеленчук, сендвич со 80г туна од конзерва, 100g зелена салата, 1 мала лажичка лесен мајонез и 2 парчиња леб од цели зрна

Меѓуоброк:

1 банана

Вечера:

100g варени пилешки гради, 100g варена брокула, 100g морков варен или свеж, 200g варен кафеав ориз

hit-dietata-za-2017-ta-godina-koja-gi-pobedi-paleo-i-atkins-dash-dieta-5.jpeg

Појадок:

2 варени јајца, 50g шери домати, 2 парчиња леб од цели зрна, 1 шолја свеж сок од портокал.

Меѓуоброк:

1 јаболко

Ручек:

100g зелена салата, 100g шери домати, 1 лажица дресинг по желба, 50g тврдо сирење, 4 крекери од цели зрна

Меѓуоброк:

 1 шолја овошна салата

Вечера:

1 шолја шпагети со сос од домати и 100g мисиркино месо, 100g варен грашок

hit-dietata-za-2017-ta-godina-koja-gi-pobedi-paleo-i-atkins-dash-dieta-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg