Го замолила момчето да не ја запросува додека не ослабе, за после 1 година да се трансформира
Џенифер Гинли од Ливерпул е инспирација за жените ширум светот. Зошто? Бидејќи за една година успеала да се надмине себеси и жално е да не го добие аплаузот кој го заслужува.
Кога Џенифер сфатила дека нејзиното момче ќе ја запроси - му забранила, бидејќи не планирала да биде „дебела невеста“ како што таа самата кажала.
Тогаш тежела нешто повеќе од 120 килограми.
Откако се вратила од летниот одмор и добро ги анализирала фотките, сфатила дека така не може да продолжи.
Со строг режим на исхрана, откажување од нездрава храна и јавна борба преку зачленување во групи кои имаат за цел да им помогнат на луѓето со прекумерна тежина, Џенифер за 1 година ја преполовила својата тежина.
Денес тежи 63 килограми и сè уште е на здрава исхрана.
Сега венчавката ќе се случи во секој момент, бидејќи Џенифер конечно го кажала долгоочекуваното „да“.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





