Дневник, цели и мотивација: Како еднаш засекогаш да ослабете?
Популарните диети ветуваат слабеење, ама тоа не значи дека ќе функционираат и на вас.
Тоа е така, затоа што треба да имате предвид неколку работи, пред да се решите за диета:
1. Диетата не треба да прави да се чувствувате лошо и да предизвикува негативни емоции
Ако почнете да се „казнувате“ или чувствувате виновни затоа што сте пробале нешто благо, тогаш диетата дефинитивно не е соодветна за вас.
Планот никогаш не треба да прави да се чувствувате лошо. Најдобро е да заборавите на таквите екстремни диети.
Наместо тоа, бидете задоволни со тоа што сте го постигнале, заборавете на негативните емоции и концентрирајте се на позитивните.
2. Одберете диета која ја контролира исхраната, ама не е стриктна
Решивте да почнете со некоја брза диета која е екстремно ригорозна?
Шансите се големи, па речиси и сигурни дека физички ќе страдате, ќе бидете незадоволни, нервозни и со можност да добиете здравствени проблеми.
Најдобро е да се консултирате со нутриционист и да одредите која диета е најсоодветна за вас.
3. Поставете си реални цели
Не можете да очекувате дека магично ќе се топат килограмите, а вие ќе станете супермодел.
Запомнете дека таквите диети кои ветуваат намалување на многу килограми, воопшто не се здрави за вас и често доволно го забавуваат метаболизмот за после нив уште побрзо се здебелите.
4. Верувајте во моќта на сопствениот ум
Вашиот ум игра клучна улога во постигнувањето на вашите цели и може да ви помогне да се соочите со можниот неуспех.
Обидете се да го држите вашиот ум активен и тогаш кога ќе решите да заборавите на диетата или теретаната, да најдете мотивација и да продолжите понатаму.
5. Не заборавајте на едноставното правило: Помалку е повеќе
Јадењето чести, но помали оброци е далеку поздраво и може да ви помогне да ослабете.
6. Не заборавајте да го следите вашиот успех
Мерете се секојдневно. Пишувајте колку грами сте намалиле. Што сте јаделе тој ден. Како сте се чувствувале тој ден.
Тоа ќе ве мотивира да продолжите понатаму и да научите што ви помага да ослабете.
7. И да! Вежбајте
Не можете да очекувате дека само диетата ќе ви помогне да ослабете, вежбањето мора да ви биде редовна здрава навика.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





