Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто диетите кои вклучуваат месо помалку се делотворни од вегетаријанските?

Многумина сметаат дека оброците без месо не може да сметаат за вистински оброци и дека никогаш нема да бидете потполно сити без производи од животинско потекло, но научниците тврдат дека тоа не е точно.

zoshto-dietite-koi-vklucuvaat-meso-pomalku-se-delotvorni-od-vegetarijanskite-01.jpg

Списанието General Internal Medicine направило истражување на 1150 луѓе кои практикувале различни типови на диети во период од 18 недели.

Резултатите од ова истражување покажале дека оние чиј режим на исхрана не вклучувал месо во просек губеле 2 килограми повеќе од оние кои јаделе месо и месни производи.

Иако 2 килограми не звучат како доволна бројка за да се откажете од месото, постои уште еден податок кој веројатно ќе ве натера да пробате и некој тип на диета која подразбира вегетаријански начин на исхрана.

Најголемиот број од оние кои не консумирале месо во текот на диетата ја задржале својата телесна тежина или изгубиле некој килограм плус, додека пак, оние кои консумирале месо генерално ја враќале својата претходна телесна тежина.

Тајната лежи во варењето на храната.

Истражувачот Ru-Yi Huang тврди дека овошјето, зеленчукот и житариците побавно се варат благодарение на големата концентрација на влакна и прават подолго да се чувствувате сити.

Би можело да ве интересира:

„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg