Брза и безбедна диета: Ослабете 2 килограми за 3 дена
Оваа брза диета брзо ќе ве врати во форма, ќе ви го исчисти организмот од токсините со што ќе изгубите неколку килограми, иако сезоната на прејадување веќе одамна започна.
Како функционира?
Диетата е богата со зеленчук и се потпира на неговите придобивки. Зеленчукот може да биде сиров, варен или во супа, па само после 2 дена од негово консумирање ќе се чувствувате многу полесно и поубаво. Ќе бидете полни со енергија затоа што зеленчукот содржи голем број на витамини и минерални соли.
Што треба да знаете?
Додека ја држите оваа диета не смее да консумирате зеленчук богат со скроб, како што е грашокот, леќата, компирот.
Морковот и цвеклото треба да ги јадете умерено и задолжително да ги комбинирате со други зеленчуци.
Основата на вашата исхрана треба да биде зеленчукот кој е полн со течности. Тука спаѓаат краставиците, доматите, темните домати, тиквичките...
Препорачливо е да не ги лупите плодовите затоа што во кората се крие најголем дел од антиоксидансите. Исто така, не ги консумирајте во вид на сок, туку исечкани на парчиња.
Односот помеѓу свежиот и варен зеленчук треба да биде 1/3 : 2/3 за да ги избегнете потешкотиите во стомакот.
Диетата трае само 3 дена, а смеете да ја практикувате еднаш во месецот.
По нејзиното завршување, обидете се да внесувате повеќе белковини и скроб, па следните 3-4 дена внесувајте 2 млечни производи и 2 вида месо или риба секојдневно и зеленчук богат со скроб еднаш дневно.
Кој не смее да ја држи оваа диета?
Не се препорачува на лицата во развој, односно тинејџерите, како и на лица постари од 60 години. Трудниците исто така не би требало да посегнуваат по овој режим на исхрана заради правилниот развој на плодот.
Не ја држете ако сте константно изморени и ненаспани, ако интензивно се занимавате со некој тежок спорт или заздравувате од потешка болест.
Кому му одговара оваа диета?
На сите оние кои се прејадуваат неколку дена по ред или сакаат брзо да ги симнат вишокот килограми, без да се согласат на строги диети.
Зошто треба да заборавите на солта во овие 3 дена?
Диетата без сол овозможува до 500g помалку. Ако консумирате сол течностите ќе се задржуваат во организмот и исхраната нема да го има истиот ефект.
Дневно мени
2l супа од зеленчук или
1l супа и 1l вода или
1l супа, ½ l чај од билки, 600-1.000g зеленчук и 2 овошја
Типичен распоред во текот на еден ден
Појадок: 1 портокал + 1 шолја црн, зелен или чај од билки
Ручек: 1 чинија супа од зеленчук + 1 чинија домат и зелена салата + тиквички варени на пареа
Вечера: 1 чинија супа од зеленчук + 1 чинија салата од варена боранија, шампињони, брокула, пиперки, лук и магдонос + 1 парче овошје
Рецепти за вкусна супа од зеленчук (за 4 лица)
Освежувачка супа
Состојки: 2 моркови, ½ целер, 1 главица кромид, 1-2 чешниња лук, 3 гранчиња магдонос, 1 рака спанаќ и сок од 1 лимон
Подготовка: Исечкајте ги сите состојки без магдоносот и спанаќот и ставете ги да се варат во 3l вода. По 20 минути додајте го магдоносот и спанаќот, па варете ја супата уште 10 минути. Процедете ја супата и зачинете со сок од лимон. Зеленчукот сервирајте го посебно.
Едноставна супа
Состојки: 4 парчиња праз, 2 главици кромид, 2 репки, 5 тиквички, 2 моркови, свежи билки за зачинување по желба
Подготовка: Исечкајте го зеленчукот по желба и прелијте го со 3l вода. Ставете ги билките за зачинување и варете ја супата 1 час на средна температура.