Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нов начин за здраво слабеење: Нордиска диета

Нордиската диета изминативе неколку месеци стана хит помеѓу познатите. Истражувањата докажуваат дека со помош на оваа диета можете да симнете неколку килограми, да го намалите притисокот и да бидете поздрави. Попрепорачлива е дури и од медитеранската исхрана.

nov-nacin-na-zdravo-slabeenje-nordiska-dieta-01.jpg

Диета без правила

Ако сакате да ја одржите оваа диета, трудете се во главното јадење да внесете што повеќе зеленчук и салати, како и да употребувате зачини.

Наместо масло, храната зачинете ја со лимон, лимета, оцет или јогурт.

Јадете што поквалитетни производи.

Принципите на нордиската диета не се револуционерни, освен тоа што килограмите се симнуваат без враќање.

Покрај тоа, нордиската диета ќе ве засити, па нема да патите од непрекинато чувство на глад.

nov-nacin-na-zdravo-slabeenje-nordiska-dieta-02.jpg

Што јадат нордијците?

Дивеч и посно црвено место – Наместо пилешко и свинско, тие сакаат месо кое дава енергија, а истовремено не влијае на кардиоваскуларниот систем.

Зелка, спанаќ, кељ – Богати се со витамин Б, Ц и К, вода и влакна. Со други зборови, ова се намирници кои можете да ги јадете во неограничени количини затоа што се сиромашни со калории

Ржан леб – Нордијците не ги избегнуваат житарките, што е добра работа заради ситоста, а благодарение на влакната го подобруваат варењето.

Зачини – Непишаното правило на нордијската диета гласи: Помалку масло, повеќе оцет и зачин.

Сушена риба – Рибите се богати со незаситени масни киселини и се служи со варен компир. Сушената и киселата риба се најчести намирници кои се наоѓаат на трпезата на Северот.

Шумско овошје – Боровниците, брусниците и капините се богати со антиоксиданси. Шумското овошје е природен антибиотик кој ги уништува бактериите и ги спречува уринарните инфекции.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg