Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пред да започнете со било која диета проверете дали би можела да биде успешна

Денес можете да пронајдете илјадници разни диети кои гарантираат успешно намалување на вишокот килограми. Но, сите сме свесни дека тоа и не е така лесно и едноставно како што изгледа, бидејќи не секоја диета одговара секому.

pred-da-zapocnete-so-bilo-koja-dieta-proverete-dali-bi-mozela-da-bide-uspesna-1

Она што треба да го направите, ако сакате да откриете дали некоја диета ќе биде успешна, е да ги следите овие методи и чекор по чекор:

1. Кои се вашите намери?

Намерите кои ги имате го одредуваат успехот кој ќе го добиете од диетата. Не се впуштајте веднаш во било која диета понесени од желбата да бидете слаби. Ако сте очајни, големи се шансите да завршите со нездрава диета со која пак, лесно ќе го изгубите здравјето. Бидете разумни.

2. Запишете што чувствувате

Запишете го на хартија сето она што ве мотивира да ослабете. Запишете го сето она што ќе ви падне на ум и е поврзано со причината зошто сакате да држите диета. Направете листа од работи, а потоа закачете ги некаде каде секојдневно ќе ги гледате.

3. Направете план

Ако не направите план, тогаш планирате да не успеете. Кога станува збор за диета, планирањето ви е повеќе од потребно. Но она што ви е уште повеќе потребно е да се држите до планираното. Испланирајте го времето на работа, времето на јадење, на спиење, на вежбање и држете се до вашите планови.

pred-da-zapocnete-so-bilo-koja-dieta-proverete-dali-bi-mozela-da-bide-uspesna-2

4. Ослободете се од искушението

Не очекувате дека ќе успеете да бидете слепи пред колачите и сета онаа храна кога ќе отидете на некоја забава. Пред да почнете диета, ослободете се од искушението и купете работи што можете да ги консумирате.

5. Вежбајте

Да бидеме искрени - не е доволно да се држите единствено до диетата и да не правите ништо друго. Движете го вашето тело, стекнете секојдневна рутина за вежбање, пешачете, возете велосипед или било што друго што ќе посакате. На тој начин резултатите од диетата ќе бидат поефикасни, а вие уште повеќе мотивирани.

6. Поддршка од сите страни

Држењето диета не треба да биде во тајност, напротив уште пред да започнете известете ги блиските луѓе со кои секојдневно сте во контакт дека ќе пробате да симнете некој килограм, а нивната поддршка дополнително ќе ве мотивира. Следниот пат нема пред вас да консумираат некоја нездрава храна, туку и тие ќе ви се придружат во богатата, здрава салата. 

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg