Совети за слабеење од најинтелигентната жена на светот

Мерлин Вон Савант во 80тите години на 20тиот век беше во центарот на вниманието откако на нејзиниот IQ тест постигнала бројка од 190.

soveti-za-slabeenje-od-najinteligentnta-zena-na-svetot--1-

Благодарение на нејзиниот висок резултат, таа остана запишана во Гинисовата книга на рекорди како жена со најголем коефициент на интелигенција.

Освен редовните математички прашања, жените започнале да ја прашуваат околу нејзиниот начин на исхрана заинтересирани и љубопитни да знаат со што се храни жена со толку висок коефициент на интелигенција.

Во продолжение ви ги претставуваме нејзините правила на исхрана, со кои би можеле да постигнете навистина големи физички промени и да го подобрите вашето здравје:

1. Заборавете на грицките

Тоа подразбира во вашиот дом повеќе да немате чипсови, бисквити, кикирики и други видови слатки. Полиците во вашиот фрижидер исполнете ги со се она што ви е потребно за појадок, ручек и вечера, но заборавете на грицките.

2. Не јадете помеѓу оброците

Ова ја вклучува и здравата храна како овошјето и соковите. Секако дека овошјето и природните сокови се здрави и корисни, но доколку сакате да ја одржите вашата линија не ги пијте и јадете бидејќи тие само додаваат калории. Како нивна замена можете да си направите чаша чај. Како уште една важна причина, Мерлин наведува дека храната е повкусна кога сте гладни и затоа е најдобро да јадете само за време на оброците.

3. Заборавете на калоричните пијалаци

Ова правило не важи за овошните сокови или млекото кое го консумирате за појадок. Но не додавајте во нив мраз, пијте ги топли или на собна температура и така ќе ви бидат повкусни. Мерлин вели дека таа нарачува пијалаци без лед во нив кога оди во ресторан, бидејќи така се уништува нивниот вкус. Температурата на телото е во висина од 37,5 степени што значи дека водата која е на температура од 22,5 степени за нашето тело е доволно ладна.

4. Не морате да изедете сѐ од чинијата

Научете се да го фрлате или давате вишокот храна без разлика колку и да е вкусна или едноставно оставете ја за следниот оброк, но во никој случај за ужина. Оние кои не можат да ја фрлат храната се соочуваат со вишокот на килограми. Јадењето на премногу храна е исто толку лошо како и фрлањето, барем за вашето тело и здравје.

5. Јадете бавно

Животот е динамичен и веќе никој нема време за оние долги вечери. Затоа Мерлин ужива да оди во ресторан каде може полека и бавно да ја консумира својата вечера без никакво брзање.

6. Бидете гурман

Ако сте вистински гурман тогаш со сигурност уживате во секоја храна и во секој вкус и така е најдобро, вели Мерлин. Колку подолго ја џвакате храната толку повеќе вие се заштитувате од болки во стомакот и слични проблеми. Ова посебно се однесува на луѓе кои имаат проблеми со дигестивниот систем.

7. Не ги менувајте навиките на исхрана за време на викендите

Потполно е непотребно да ја вклучувате ужината за време на викендите, режимот нека остане ист само зголемете си го уживањето во оброците заедно со семејството или пријателите. Искористете го времето за долги прошетки, возење велосипед или некоја друга активност и ќе се чувствувате уште подобро.

8. Не ги потценувајте калориите кои ги внесувате

Кога ги опишува своите оброци како лесни, таа тоа и го мисли бидејќи истите содржат 250 калории, особено нејзиниот појадок и вечерата. Мерлин вели дека луѓето често ги потценуваат калориите на здравата исхрана.

9. Најважниот совет е...

...да не јадете храна која не ви е вкусна. Мерлин не консумира ништо што не и се допаѓа и што смета дека не е вкусно. Таа тоа го гледа вака: „Јас имам ограничен број на денови во животот и моето време е драгоцено. На истиот начин ги ограничив и калориите во кои можам да уживам во текот на мојот живот. Јас сакам да ги потрошам на најдобриот можен начин, затоа одбивам да ги трошам на стар леб, сува паста или некои бисквити кои воопшто не се вкусни како што изгледаат”. 

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg