Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 клучни правила за здрава и ефикасна диета

10-pravila-za-site-dieti-koi-davaat-rezultati-01

Многу диети често се и многу исцрпувачки, а ако не успеете да ги издржите до крај после неколку месеци килограмите може повторно да ви се вртат.

За да го избегнете сето тоа доволно е да се придржувате до 10 правила кои советуваат здрави и ефикасни диети.

1. Слабејте полека

Сите нутриционисти ќе се сложат дека добрата и квалитетна диета е онаа со која не слабеете повеќе од еден килограм неделно. Ако изгубите повеќе килограми во тој период тоа значи дека освен вода и маснотии сте изгубиле и мускулно ткиво, а тоа не ви е во интерес.

2. Отстранете ги шеќерите, а не мастите

Модерните нутриционисти советуваат намален внес на шеќер, но тоа не важи и за мастите. Имено, вишокот шеќер кој го добиваме од храната како тесто и леб се таложи како сало. Но, рамномерното внесување допринесува за да се чувствувате сити. Ако во диетата ви недостасуваат масти, ќе чувствувате замор, глад и лошо расположение, а нема да имате ниту успех со намалувањето на тежината.

10-pravila-za-site-dieti-koi-davaat-rezultati-1

3. Секогаш појадувајте

Квалитетниот појадок е најдобар начин за да го започнете денот. Секоја добра диета вклучува појадок кој содржи квалитетни протеини, добри масти и здрави јаглехидрати. Доколку немате што да јадете наутро, пробајте со печени или тврдо варени јајца и леб од семки или овесна каша.

4. Јадете редовно

Сите успешни диети промовираат редовни, испланирани оброци и ужинки во текот на денот. Може да имате и пет-шест оброци дневно, но важно е да бидат здрави, лесни и рамномерни.

10-pravila-za-site-dieti-koi-davaat-rezultati-3

5. Променете го начинот на живот

Правилниот начин на слабеење вклучува и промена на навиките и не содржат револуционерни хемиски препарати или магични средства кои неограничено ги топат килограмите. Затоа, не наседнувајте на сензационалните реклами и бидете подготвени за промени ако сакате да го изгубите вишокот килограми.

6. Не заборавајте на протеините

Клучот за помалку протеини лежи во ниското ниво на шеќер во крвта, Истото ќе го постигнете и со редовно внесување на протеини преку калориите, со оглед на тоа што тие го држат шеќерот под контрола во организмот.

10-pravila-za-site-dieti-koi-davaat-rezultati-2

7. Рамнотежа во исхраната

Постојат многу диети кои се базираат на консумација на само еден вид храна, што води до нерамнотежа во телото. Најдобрите диети ги содржат сите видови состојки и не ве залажуваат да јадете само една магична состојка или само една штетна да исфрлите од оброците.

8. Не бројте калории

Знаењето и праксата потврдиле дека броењето калории едноставно не допринесуваат за квалитетна контрола на тежината. Ако изедете обезмастен колач и кафе со млеко ќе направите поголема штета отколку да изедете кајгана со сланина. Затоа не трошете време и енергија во броење калории, бидејќи може да ве одведат во погрешна насока.

10-pravila-za-site-dieti-koi-davaat-rezultati-4

9. Потребна е физичка активност

Добро смислените диети задолжително потенцираат зголемена телесна активност. Без неа нема ниту здраво ниту квалитетно слабеење.

10. Заобиколете ја конзервираната храна

Никако не консумирајте храна која поминала низ термичка обработка. Таа најчесто содржи хемиски додатоци кои не би ги ставиле во телото. Доколку некои прехранбени производи на полиците во маркетот не можете сами да ги направите, тоа значи дека не би требало да ги јадете.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg