10 трикови кои ќе ви помогнат да ослабете без гладување

Постојано наидувате на диети со различни рецепти, начини на исхрана, но штом ги завршите, колку и да ослабете по некое време ги враќате килограмите.

deset-trikovi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-bez-gladuvanje-01

Сето тоа се должи на тоа што го прекинувате начинот на исхрана и се враќате на стариот.

Токму затоа, постојат неколку  трикови кои доколку ги применувате нема да имате потреба од строги диети.

1. Секогаш имајте машки појадок

Нема веќе лесен појадок - ако сакате протеини, влакна и доволно масти, најадете се добро. Тоа ќе ви ја даде потребната енергија за цел ден.

2. Јадете често, но помалку

Јадете три ужини и три здрави главни јадења, но порциите нека ви бидат помали од вообичаено. Наместо грицки, јадете јаткасти плодови, ореви, бадеми кои ви ја намалуваат желбата за грицки.

3. Кажете му „не“ на скробот

Избегнувајте храна како тестенини, бел леб или компир. Ако веќе не можете без тестенини или леб јадете го во минимални количини.

4. Вежбајте

Вежбањето е добро за сè, особено за здравјето и за одржувањето на линијата. Мускулите кои би ги направиле со вежбањето ќе го подобрат и вашиот метаболизам, па ќе трошите калории и откако ќе завршите со вежбањето.

5. Мислете пред јадењето

Немојте без размислување да посегнувате по некое јадење или да дојадувате нешто што останало. Јадете го само она што ќе го одредите. Јадете полека за да сфатите кога сте сити.

deset-trikovi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-bez-gladuvanje-2

6. Еднаш или двапати во неделата дајте си себе награда

Ако предолго ја потиснувате желбата за храна која ја сакате, ќе станете очајни и побрзо ќе се откажете од диетата. Затоа, може понекогаш да се опуштите и да се наградите, но во разумни граници. Изедете парче или две пица, не цела.

7. Намалете ги јаглените хидрати

Тоa е наједноставниот начин да ги изгубите килограмите. На почетокот ќе ви биде тешко, но подоцна ќе биде полесно кога ќе ги видите резултатите.

8. Интервално трчање

Полесно е да издржите наизменично брзо и лесно трчање, отколку да одите на долги патеки. Освен тоа, резултатите ќе бидат подобри.

9. Никогаш немојте да пиете слатки газирани пијалаци

Повремено може да се напиете чаша вино или пиво, но во умерени количини.

10. Не се плашете од маснотиите

Ќе се чувствувате сити, подобро ќе го контролирате апетитот, но и потребни му се на вашето тело. Постојат добри и лоши маснотии, затоа паметно одбирајте.

deset-trikovi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-bez-gladuvanje-1

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg