10 најпребарувани диети на Google за оваа година

Грижата за добриот изглед и брзите начини да се изгубат неколку килограми плус не ја напушти женската глава ниту оваа година.

10-najprebaruvani-dieta-na-google-za-ovaa-godina-01

Па така, ако сакате да започнете некоја диета непосредно пред празниците, ова се најпопуларните 10 за 2013та година:

УН диета

УН диетата е водечка за оваа година. Трае 90 дена, започнува со протеински ден, потоа следи скробен, јаглехидратен и овошен ден, а потоа се враќате на протеинскиот. Редоследот на деновите не смее да се менува.

Причината за нејзината популарност се крие во нејзиниот опис - Диетата води до намалување на килограмите и до промена на метаболизмот, така што килограмите не се враќаат!


Зелка диета

Лесна за примена, диетата со зелка се одвива на следниов начин: Со главниот оброк, супа од зелка, може да комбинирате и домат, пиперки, пченица јачмен и сув грашок.

Кога веќе добро ќе го разработите системот на исхрана и ќе се придржувате до планот, дозволено е да воведете овошје, говедско месо, интегрален ориз и секаков зеленчук.

Зелката делува како диуретик кој го прочистува организмот, па затоа имајте на ум дека никогаш не смеете да претерате. Оваа диета е препорачлива на краток период, кога навистина ви е неопходно брзо прочистување.


Медицинска диета

Диетата се држи максимум 15 дена, за кои имате шанса да изгубите дури 10 килограми.

Составена е од 5 добро испланирани оброци богати со витамини и минерали, но и забранети оброци по 20 часот.

10-najprebaruvani-dieta-na-google-za-ovaa-godina-1

Хроно диета

Најважната карактеристика на хроно диетата е што никогаш нема да треба да се откажете од омилената храна, но под услов да ја комбинирате правилно и во зададени временски интервали.

Посебно интересно е тоа што оваа диета не ги забранува слатките, лебот и месото.


Аткинсонова диета

Диетата се состои од внесување на намирници кои содржат огромна количина протеини, но со едвај забележливи траги од јаглехидрати.

Во оваа диета внесувањето на протеини не е ограничено, така што дозволено е месо, риба, јајца, сирење, зеленчук, маслинки и здрави масла.

Но, алкохолот, шеќерот, јогуртот, овошното млеко, житариците, тестенините и сите производи од брашно се забранети.


Месечна диета

Месечната диета е детоксикација на организмот која се одвива по 24 часа во 1 месец.

Составена е од состојки кои имаат високо ниво на антиоксиданси и е многу слична со постите кои се карактеристични за претпразничниот период.

10-najprebaruvani-dieta-na-google-za-ovaa-godina-2

Протеинска диета

Фактот дека со држењето на оваа диета никогаш не сте гладни е главна причина за нејзината популарност. Се состои само од внесување на протеини.

За појадок тука се јајцата, сланината, колбасите и шунката, за ручек печено говедско, туна и интегрален леб, а за крај на денот вечерајте пилешко, свинско или риба.

Едноличната исхрана има идентични последици како и Аткинсовата диета.


Цитрус диета

Цитрус диетата подразбира денот да ви започне со портокал, а за ручек или вечера во вашата чинија задолжително да се најде и по едно парче двопек.

Диетата трае 15 дена, се состои од 3 петдневни циклуси и во просек се губат по околу 7 килограми.


Месна диета

Високопротеинската или месната диета повторно дозволува внесување на протеини, но строго се забранети јаглехидратите.

За диетата не постојат посебни рецепти, само е важно да се консумираат исклучиво месни намирници, а сè останато вклучувајќи го овошјето и зеленчукот да се исфрли од исхраната.


Дукан диета

Оваа диета се состои од 10 фази. Во првата се внесуваат протеини, во втората полека се воведува зеленчук, третата допушта и внесување на овошје и интегрален леб.

Четвртата е идентична како и првата, петтата како втората и така натаму сè додека не дојдете до бројот 10.

10-najprebaruvani-dieta-na-google-za-ovaa-godina-3

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg