Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Медена диета: Витка става со една лажичка мед

Иако медот секогаш важел за здрава храна многу нутриционисти во последно време го ставаат во групата намирници кои треба да ги избегнувате кога сте на диета. Шкотскиот нутриционист Мајк Мекинс има сосем поинакво мислење.

medena-dieta-vitka-stava-so-edna-lazicka-med-01

Во оваа диета нема да ви кажуваме што точно да јадете, туку неколку правила за како да ја комбинирате храната што сакате да ја јадете.

 Единствено што треба да внимавате се количината и хранливите вредности. Целиот избор на храна останува сами да го комбинирате. Сигурно ќе ги изгубите непосакуваните килограми ако ги следите овие златни правила:

- Заменете го шеќерот со мед. Секое утро и секоја вечер пред спиење испијте шолја топла вода со лажичка мед.

- Користете нерафинирани јаглени хидрати. Во однос на калориите сеедно е дали ќе јадете бел или црн леб. Но голема е разликата во однос на тоа што црниот леб содржи многу похранливи состојки и растителни влакна кои помагаат во варењето. Јаглените хидрати треба да зафаќаат максимум една четвртина од вашиот оброк.

- Јадете протеини во секој оброк за подолго да останете сити. Риба, месо, јајца, зеленчук треба да бидат дел од секој ваш оброк.

- Еден ден неделно, по ваш избор, треба да го поминете без јаглени хидрати. Тоа значи без леб, тестенини и благо.

- Не ја ограничувајте количината на салати. Секојдневно јадете салата, по можност од различен зеленчук.

- Задолжително по две овошки на ден кои не се полни со шеќер.

- Одберете полномасно млеко. Во оваа диета не се бројат мастите. Слободно одберете полномасно млеко, сирење, кашкавал со најдобар вкус кои дури може да ви помогнат за побрзо да се заситите и подолго да ве држат.

- Јадете што и да посакате, колку и да е масно, но не заборавајте наутро и навечер во чаша топла вода или чај да растопите една лажичка мед и по желба малку лимон.

Резултатите ќе бидат видливи веќе по една недела.

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg