Малку поинаква диета
Никој не сака да држи диета и да се изгладнува, но некојпат ни е неопходна. Но, за да не се доведуваме во несакани ситуации, добро е редовно да вежбаме и правилно да се храниме.
Овие совети за диета не се вообичаени како во останатите диети, па затоа е добро да ги погледнете бидејќи ќе ве изненадат и можеби ќе ви се допаднат.
Јадете повеќе
Да, добро прочитавте. Според истражувањата, конзумирањето поголеми порции ќе ви помогне подолго време да останете сити. Во што е трикот? Потребно е да јадете здрави намирници, како што се овошје и зеленчук. Така, голема порција салата е добра, но голема порција помфрит е штетна.
Читајте етикети
Жените коишто ги читаат етикетите на производите имаат понизок индекс на телесна тежина од жените кои не го прават тоа. Разликата е голема, 4 килограми годишно.
Сечкајте ја храната
Оние кои ја сечкаат својата храна јадат помалку од останатите, а се чувствуваат подеднакво задоволно. Исечкајте го месото, лебот и останатите производи на мали парчиња пред да почнете да јадете.
Уживајте во храната
Истражувањата покажуваат дека фокусирањето на она што го правите додека јадете ви помага да јадете помалку. Наместо да гледате ТВ додека јадете, одвојте време да размислите за она што го јадете. Повеќе ќе се заситите и ќе уживате во оброкот.
Слушајте џез
Најновите истражувања покажуваат дека слушањето побавна и посмирена музика, како што е џезот, може да ви помогне да јадете помалку, дури и до 175 калории помалку на оброк.
Не прескокнувајте оброци
Веројатно сте слушнале дека прескокнувањето оброци е лошо, а новите истражувања покажуваат и во која насока: оние кои прескокнуваат оброци обично завршуваат јадејќи висококалорични јаглехидратни и скробни оброци кои не вклучуваат зеленчук и протеини. Како резултат на тоа доаѓа до внесување 20 % повеќе калории од обично.
Пијте ладна вода
Стручњаците за фитнес сметаат дека ладната вода може да ви го забрза метаболизмот . Зошто? Бидејќи вашето тело согорува дополнителни калории за да ја загрее водата на температура погодна за да може да се свари.
Не гледајте во брзата храна
Според најновите истражувања, фотографиите со висококалорична храна, како што е пицата, колачите и газираните пијалаци го поттикнуваат сигналот во мозокот кој ве тера да ја посакувате таа храна. Затоа, воопшто не ги погледнувајте промотивните летоци и реклами на кои има слики со ваква привлечна, но штетна храна.