Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци

Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8 килограми за 12 недели. Дали сте го пробале овој трик?

evtin-trik-za-ramen-stomak-so-jabolkov-ocet-se-gubat-do-8kg-za-pomalku-od-3-meseci-01_2.jpg

Изгледа дека некогаш наједноставните трикови се најефикасни кога станува збор за слабеење.

Нормално, за да се ослободите од вишокот килограми важно е да внимавате на исхраната и да бидете физички активни, но постојат и трикови кои можат да го забрзаат процесот на слабеење.

Од вашата баба можеби сте слушнале дека пиењето јаболков оцет наутро го поттикнува слабеењето.

А, сега се чини дека ова го потврдува и мало истражување.

evtin-trik-za-ramen-stomak-so-jabolkov-ocet-se-gubat-do-8kg-za-pomalku-od-3-meseci002.jpg

Во истражувањето спроведено на Holy Spirit University of Kaslik учествувале 120 испитаници со прекумерна тежина.

Тие биле поделени во четири групи од по 30 испитаници.

Три групи имале задача секое утро да се напијат јаболков оцет.

Испитаниците од четвртата група пиеле „плацебо оцет“, односно течност со мирис и вкус на оцет.

Во период од 12 недели, секој од испитаниците водел дневник за исхраната и физичката активност.

evtin-trik-za-ramen-stomak-so-jabolkov-ocet-se-gubat-do-8kg-za-pomalku-od-3-meseci-02_copy.jpg

На крај, резултатите покажале дека оние кои пиеле јаболков оцет наутро, ослабеле од пет до осум килограми.

Изгубените килограми зависеле и од количеството јаболков оцет. Односно, оние кои пиеле по пет милилитри дневно ослабеле најмалку, а оние кои пиеле помеѓу 10 и 15 милилитри ослабеле најмногу.

Кај четвртата група било забележано слабеење од 0,3 килограми во просек.

evtin-trik-za-ramen-stomak-so-jabolkov-ocet-se-gubat-do-8kg-za-pomalku-od-3-meseci-04.jpg

Иако резултатите се ветувачки, авторите на истражувањето сепак истакнуваат дека е направено врз мал број испитаници.

Исто така, периодот од 12 недели е многу краток за да се воочат долгорочните ефекти.

„Овие резултати укажуваат дека јаболковиот оцет можеби има потенцијални придобивки за подобрување на метаболичките параметри поврзани со дебелината.

Јаболковиот оцет би можел да биде додаток во исхраната за слабеење без несакани ефекти“, вели еден од авторите.

evtin-trik-za-ramen-stomak-so-jabolkov-ocet-se-gubat-do-8kg-za-pomalku-od-3-meseci-03.jpg

Не е познато што точно прави јаболковиот оцет за да го поттикне слабеењето, но постојат неколку теории - на пример, дека го намалува апетитот.

Се верува и дека јаболковиот оцет ги намалува триглицеридите и холестеролот, а ова било забележано и во новото истражување.

Значи, јаболковиот оцет можеби ќе ви помогне побрзо да се ослободите од вишокот килограми, но важно е да обрнете внимание и на исхраната и физичката активност.

Ако не ви се допаѓа вкусот на јаболковиот оцет, слободно разредете го со вода и испијте го така.

Но, секако, најдобро е да се консултирате со стручно лице пред да започнете ваков „експеримент“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg