Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат

Јадете побавно

Наместо да го проголтате оброкот, потрудете се секој залак да го изџвакате најмалку 10 пати пред да го голтнете.

На овој начин телото полесно ќе ја свари храната и нема да имате проблеми со гасови и несварена храна.

Вежбајте со хулахоп

Не, хулахопот не е само за деца. Се верува дека доволно е да започнете да вртите хулахоп по 6 минути дневно и да додавате по 2 минути на секоја наредна недела за да ги стопите мастите на стомакот и да креирате мускулна маса.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-13.jpg

Пијте повеќе вода

Ако не пиете доволно течности, телото почнува целата вода да ја става во резерва, заради што стомакот станува подуен.

Освен тоа, водата ќе му помогне на телото полесно да ги свари влакната што ги внесувате.

Побарајте пробиотици

Пробиотиците се добри бактерии што му помагаат на стомакот полесно да ја свари храната. За да внесувате доволно пробиотици, потребно е редовно во исхраната да вклучувате јогурт, кисел зеленчук и кисела зелка.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-10.jpg

Не заборавајте и на пребиотиците

Освен пробиотици, неопходно е да внесувате и пребиотици со коишто се хранат здравите бактерии. Нив можете да ги најдете во некои видови зеленчук, овошја, семки, производи од цели зрна и јаткасти плодови.

Редовно одете во тоалет

Нема потреба да брзате кога сте во тоалет или да трпите со часови за да одите. Кога го правите ова или кога го прескокнувате одењето во тоалет, оставате простор за подуеност.

Исто така, носењето тесна облека може да предизвика храната побавно да се движи низ дигестивниот тракт.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-12.jpg

Заборавете на гуми за џвакање

Ако сакате да го освежите здивот, подобро е да земете бонбона, наместо гума за џвакање.

Кога ги џвакате, може да се случи да проголтате и големи количества воздух заради што станувате подуени.

Станете од столчето

Ако можете, потрудете се барем еден час од работното време да стоите, наместо да седите. Тоа што ќе се раздвижите ќе ви помогне полесно да се справите со подуеноста.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-07.jpg

Намалете со солта

Кога јадете премногу сол, организмот мора да задржува вода за да може да ги раствори целосно солите. Како резултат на тоа, станувате малку повеќе подуени од вообичаено.

Легнете си навреме

Не само што ќе ги прескокнете доцните вечерни оброци, туку ќе го забрзате и метаболизмот на телото и нема да дозволите тоа да става премногу масни наслаги во „резерва“.

izbegnuvajte-guma-za-djvakanje-i-ushte-19-soveti-za-ramen-stomak-koga-dietite-ne-vi-pomagaat-05.jpg

Прочитајте и 3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg