„Пробав нов трик за распоредување на светилките на елката - резултатот е магичен“ (видео)
Како да направите новогодишната елка да свети посилно од сите други години? На социјалните мрежи се шири еден едноставен трик за распоредување на светилките.
Кога имате голема новогодишна елка, ви се чини дека без разлика на тоа колку светилки и да ставите, тие се губат и исчезнуваат некаде во гранките.
Грешката според инфлуенсерката Кели Фицсимонс е во тоа што неправилно ги распоредувате.
На ТикТок масовно се шири тренд за декорација на елката што прави новогодишното дрвце да биде максимално осветлено и воопшто не е важно дали користите вештачка или природна елка.
Кели на социјалните мрежи го сподели нејзиниот „цик-цак“ трик за распоредување на светилките на елката.
Тајната е во тоа што прво распоредува сијалички во внатрешноста, околу „стеблото“ на елката, а потоа во „цик-цак“ ги распоредува на гранките од елката.
Таа вели дека користи околу 3 кабли со по 2.000 светилки, а вели дека трикот за максимално осветлување е во распоредувањето на кабелот со светилки околу стеблото.
Кога се распоредуваат во „цик-цак“ форма, не мора да се ставаат светилки на секоја гранка.
Погледнете го видеото:
@kellyfitzsimons__ Get those lights right up the trunk and watch your tree glow ? I used 3 x 2000 cluster lights #christmas #christmastree #christmashack #lifehack
♬ original sound - Kelly Fitzsimons
Б. С. Б. | Црнобело