Топ 6 трендови во уредувањето на ентериерот за 2022-ра
Хит ќе биде материјалот „ратан“, кој дава природна нота во ентериерот. Материјалот кој беше хит во 70-тите ќе се врати на голема врата. Ќе даде чувство на природност во вашиот дом.
Кои трендови во уредувањето ќе бидат ИН оваа сезона? Што предлагаат експертите за уредување на ентериер на светско ниво за 2022-ра?
Трендови во уредувањето на ентериерот за 2022-ра:
Хит ќе биде материјалот „ратан“, кој дава природна нота во ентериерот
Материјалот кој беше хит во 70-тите ќе се врати на голема врата. Ќе даде чувство на природност и спој на античкото со модернистичкото во вашиот дом.
Вградени шкафчиња специјално наменети за складирање
Покрај во кујната и тоалетот, тие ќе се применуваат во сите простории затоа што на тој начин го персонализирате просторот за складирање на начин кој одговара на вашите потреби.
Цветен дезен
Од тапети до завеси, на сцената имаме враќање на цветен дезен, кој носи со себе ретро нота.
Ѕидот „галерија“ уште ќе биде ИН
Со бирање на координирани рамки и избор на впечатливи уметнички дела, ќе му дадете уникатен печат на просторот.
Каучи со заоблени краеви
Заоблените каучи даваат некое чувство на топлина и како да ве повикуваат да седнете. Плус, даваат чувство на баланс во просторот.
Мултифункционални трпезарии
Трпезариите, по искуството со пандемијата и работењето од дома, ќе се прават повеќенаменски, па лесно ќе се претвораат во катче за работа од дома. Потребно е лесно да се адаптираат на потребите.
Прочитајте и 10 грешки во уредувањето на домот, кои прават да изгледате како човек без вкус
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





