„5 работи кои не би ги ставил во мојата дневна соба“ со архитектот Лука Радовиќ

„Никогаш не би ставил дома неудобно парче мебел - без разлика дали е дизајнерско парче или купенo од локални произведувачи, при уредувањето не заборавајте дека удобноста е на прво место“, вели архитектот Лука Радовиќ од Скопје.

top-5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-spored-makedonskiot-dizajner-na-enterier-luka-radovikj-01.jpg

Лука Радовиќ од Скопје е архитект и oсновач на архитектонското студио и студио за дизајн на ентериер „1010 architects“.

Тој вели дека уредувањето на еден дом е процес полн со љубов, креативност и внимание и на најситните детали. Нагласува дека понекогаш малите работи имаат најголемо влијание на големата слика, односно на крајниот резултат.

top-5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-spored-makedonskiot-dizajner-na-enterier-luka-radovikj-03_1.jpg

Токму затоа вели дека треба да внимаваме да не правиме одредени грешки во уредувањето на ентериерот, особено кога станува збор за дневната соба.

Сепак, бидејќи на крајот од денот сè е личен вкус и избор, тој открива кои работи не би ги ставил лично во дневната соба во својот дом.

top-5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-spored-makedonskiot-dizajner-na-enterier-luka-radovikj-02_1.jpg

Работи кои прават дневната соба да не изгледа убаво, според Лука Радовиќ:

Лошо осветлување (односно осветлување кое што создава лош амбиент).

top-5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-spored-makedonskiot-dizajner-na-enterier-luka-radovikj-01_1.jpg

Графики и принтови, симнати од интернет, со лоша тематика или дури и без тематика.

top-5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-spored-makedonskiot-dizajner-na-enterier-luka-radovikj-03.jpg

Неудобно парче мебел - без разлика дали е дизајнерско парче мебел или мебел купен од локални произведувачи не заборавајте дека удобноста е најважна.

top-5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-spored-makedonskiot-dizajner-na-enterier-luka-radovikj-06.jpg

Премногу детали и декорации, кои визуелно го отежнуваат просторот и тој не зрачи со едноставност и смирен амбиент.

top-5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-spored-makedonskiot-dizajner-na-enterier-luka-radovikj-02.jpg

Работи од типот на лаптоп, детски играчки или парчиња облека и разни други ситници, на кои што им е местото во други простории, а од нашите лоши навики ги оставаме во нашата дневна соба и си го рушиме мирот.

top-5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-domot-spored-makedonskiot-dizajner-na-enterier-luka-radovikj-05.jpg

С. С. | Црнобело фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на домот (кои прават да изгледа евтино) Ако штедите на лустерите или ако тие се убави, но не даваат убаво осветлување, т...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg