7 трендови во уредување на ентериер кои ќе бидат хит во 2022 (и 2 кои ќе бидат демоде)
Тренд: Земјените тонови се враќаат на сцената. Сите нијанси на крем и кафено ќе бидат ИН. Тие изгледаат суптилно и софистицирано.
Што ќе биде во тренд во уредувањето на ентериерот во 2022? Што ќе излезе од мода, а што ќе стапи на сцената?
Трендови во уредување на ентериер за 2022-ра:
Максимализамот ќе биде ИН
Во последните години минимализмот доминираше во уредувањето на ентериерот, но сега повторно ќе биде во тренд играта со бои, дезени и форми.
„Забавните бои и храбри дезени ќе бидат клучни во креирање на инспиративен простор кој ќе ја максимизира продуктивноста во секојдневието“, вели Јозелин Кастро, експерт за уредување на ентериер во компанијата Mackenzie Collier Interiors.
Ќе се користат различни текстури и ќе се игра со начинот на осветлување. Некои од парчињата во просторот нема да имаат конкретна намена, туку ќе бидат таму само за да донесат нота на ведрина и радост во просторот.
На секој можен начин ќе се штеди на енергија
Луѓето ќе се концентрираат на енергетски ефикасни опции и ќе штедат на електрична енергија. Плус ќе се зголеми свесноста за нашето влијание врз природата.
Винтиџ парчиња мебел
Ќе биде ИН реставрирање на стари парчиња мебел и со тоа влијаење позитивно на природата. Се разбира, овие парчиња ќе му дадат и автентичен изглед на просторот.
Многу растенија во домот
Внесување на надворешноста во домот ќе биде хит. Растенијата на совршен начин ќе му дадат живот и свежина на просторот.
Плус, со сето тоа зеленило околу вас ќе ви се намали нивото на стрес во секојдневието.
Земјените тонови се враќаат на сцената
Сите нијанси на крем и кафено ќе бидат во тренд. Тие изгледаат суптилно и софистицирано и едноставно се класика.