7 трендови во уредување на ентериер кои ќе бидат хит во 2022 (и 2 кои ќе бидат демоде)
Парчиња мебел и ламби со впечатлива форма
Секое парче мебел или ламба или украс кој додава драма на просторот ќе биде добредојден. Очите мора да имаат пријатно искуство кога ја гледаат собата.
Специфични форми, нетипични димензии и интересни заоблувања се добредојдени во парчињата во уредувањето на ентериерот.
Природни материјали како памукот
За разлика од другите аспекти, кога станува збор за прекривките и постелнината на сцена ќе бидат природните и еднставни материјали како памукот. Нема потребна од луксузни материјали, фокусот ќе биде на едноставноста.
Ентериер целосно во бело или во крем нијанса ќе излезе од мода
Овој минималистички стил на уредување годинава ќе се смета за здодевен. Потребно е зеленило, боја, текстура и експериментирање со елементите за просторот да добие личен печат.
Украсите со зборови ќе бидат заменети со скулптури
На сцена ќе дојдат нови работи како некои специфични скулптури со голема уметничка вредност. Кажете им збогум на украсите со зборови.
С. С. | Црнобело