Куќа во Дојран традиционално е еден од најубаво украсените домови во Македонија - со 30 ленти сијалички
„Имаме една цела подрумска просторија која ни е резервирана само за украсите. Поседуваме некаде околу десетина кутии полни со украси“, вели Перо Митаноски за CRNOBELO.com.
Еден од најубаво украсените празнични домови во Македонија, веќе неколку години наназад, е оној на Ангелина и Перо Митаноски во Дојран.
Тие за CRNOBELO.com открија дека празничното китење го прават два дена, а во целата атмосфера сакаат да има винтиџ нота.
Со многу украси, сијалички, подароци и што уште не, во нивниот дом во овој период од годината владе магична атмосфера.
За CRNOBELO.com Перо вели:
„Имаме една цела подрумска просторија која ни е резервирана само за украсите. Поседуваме некаде околу десетина кутии полни со украси.
Тие се внимателно спакувани и секој декември го разубавуваат нашиот дом.
Исто така, имаме триесетина ленти шарени сијалички.
Оние кои се поставени надвор, за жал, знаат да ни прегорат поради дождот“.
Атмосферата во домот (кликнете на видеото):
Атмосферата во дворот (кликнете на видеото):
Повеќе фотографии од украсената куќа:
С. С. | Црнобело