Еден од најубаво уредените домови во регионот се наоѓа во Србија (фото+видео)
„Ентериерот на нашиот дом треба да го носи печатот на нашите души. Тој не треба да биде совршен, туку огледало на нашиот живот и на тоа што го носиме во себе“, испраќа моќна порака Елена Караман од Србија.
Елена Караман од Србија е дизајнер за ентериер и ќерка на познатата српска модна дизајнерка Верица Ракочевиќ.
Таа поседува раскошен дом во близина на Белград, уреден со многу внимание и на најситните детали и слободно може да се каже дека е еден од најспецифично уредените домови во регионот.
Елена за својот дом на Инстаграм напиша:
„Мојот дом, мојот интимен храм.
Ентериерот треба да го носи печатот на нашите души. Тој не треба да биде совршен, туку огледало на нашиот живот и на тоа што го носиме во себе.
Јас уредувам слоевито и затоа како дизајнер поминувам многу време со клиентите во интимни разговори, кои најмалку имаат врска со декорацијата и архитектурата.
Темите како што се уметност, литература, годишното време кое најмногу ги радува, музиката, епохата што посебно ги интригира се моите насоки за работа.
Лесно е да се дизајнира и проектира куќа, малку е потешко од куќата да се направи дом. Да се направи огниште околу кое генерации ќе ги пишуваат своите лични семејни легенди“.
Кликнете на видеото за да видите како е уреден домот на Елена:
С. С. | Црнобело