Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Низ илустрации: Како да го наредите мебелот во мала дневна соба, за да не изгледа „натрупано“?

Ако има еден голем елемент, како тросед, ставете го спротивно од точката на фокус (телевизор, камин и слично).

niz-ilustracii-kako-da-go-naredite-mebelot-vo-mala-dnevna-soba-a-da-ne-izgleda-natrupano-01.jpg

Може да биде тешко да го најдете најдобриот распоред на мебелот во мала дневна соба, најмногу бидејќи лесно може да изглед натрупано.

Ако сте во ваква ситуација, веруваме ќе ви се допаднат советите и илустрациите во продолжение:

Со две точки на фокус

Ако во дневната имате две точки на фокус, на пример телевизор и камин, важно е креветите да не им бидат свртени со задниот дел.

За да ја одредите местоположбата на гарнитурата, најпрво поставете го најголемиот елемент (пример троседот) спротивно на едната точка на фокус (телевизорот).

Потоа останатите помали елементи нека бидат поставени спротивно на втората точка на фокус.

niz-ilustracii-kako-da-go-naredite-mebelot-vo-mala-dnevna-soba-a-da-ne-izgleda-natrupano-02.JPG

Неколку помали елементи

Ако наместо класичните елементи, како тросед и двосед, имате неколку помали, тогаш точката на фокус е најдобро да биде масата во средината.

Во ред е ако ниту еден од елементите не е свртен кон телевизорот, но не треба да стои ни пред него.

niz-ilustracii-kako-da-go-naredite-mebelot-vo-mala-dnevna-soba-a-da-ne-izgleda-natrupano-03.JPG

Со две маси

Ако имате двосед/тросед и две фотелји, ставете ги фотелјите една до друга, спротивно од двоседот или троседот.

Покрај масата, меѓу двете фотелји додајте уште една, помала масичка.

niz-ilustracii-kako-da-go-naredite-mebelot-vo-mala-dnevna-soba-a-da-ne-izgleda-natrupano-04.JPG

Аголна гарнитура

Аголната гарнитура треба да биде доближена до едниот агол на собата и со подолгиот дел да биде паралелна со телевизорот.

За да го дополните просторот, дијагонално од неа ставете фотелја или табуретка, а покрај масата во средината, може да ставите и уште една масичка до гарнитурата или фотелјата.

niz-ilustracii-kako-da-go-naredite-mebelot-vo-mala-dnevna-soba-a-da-ne-izgleda-natrupano-05.JPG

Дневна со една точка на фокус

Ако имате една точка на фокус, како и еден голем и два мали елементи важно е големиот елемент да биде спротивно од точката на фокус.

Малите елементи можат да изгледаат добро и пред телевизорот, но под агол, како на горната илустрација.

Ако сакате и тие да имаат поглед кон телевизорот (точката на фокус), можете да ги поставите од едната страна.

niz-ilustracii-kako-da-go-naredite-mebelot-vo-mala-dnevna-soba-a-da-ne-izgleda-natrupano-6.JPG

Големи елементи

Ако имате само големи елементи, како два троседи, тогаш поставете ги спротивно еден на друг, но странично од телевизорот (или точката на фокус).

niz-ilustracii-kako-da-go-naredite-mebelot-vo-mala-dnevna-soba-a-da-ne-izgleda-natrupano-07.JPG

Два големи и еден мал елемент

Во овој случај, едниот голем елемент може да стои спротивно на точката на фокус, а другиот поставете го отстрана.

Малиот елемент, како фотелја, ставете ја покрај точката на фокус, а на средината, меѓу сите елементи, ставете масичка.

niz-ilustracii-kako-da-go-naredite-mebelot-vo-mala-dnevna-soba-a-da-ne-izgleda-natrupano-8.JPG

Бонус: Трик за максимално користење на просторот

Наместо да ја „залепите“ гарнитурата за ѕидот, зад неа можете да ставите масичка или полица.

Секако не ви треба огромен простор меѓу креветот и телевизорот, па наместо да стои празен, искористете го практично.

niz-ilustracii-kako-da-go-naredite-mebelot-vo-mala-dnevna-soba-a-da-ne-izgleda-natrupano-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за уредување со кои ќе ѝ дадете луксузен изглед на малата бања Ставете плочки со апстрактен дезен наместо еднобојни ѕидови и заменете го огледа...
Предлози со кои ходникот ќе изгледа средено и стилски Плакарот со повеќе намени во кои можете да ставите палта, чевли, но и да седнете...
8 идеи за освежување на ентериерот на домот, за малку пари Заменете ги деталите од текстил, како завеси и прекривки, или додајте уште еден ...
4 трендови за уредување на двор што се хит сезонава (и 3 кои се демоде) Наместо пластични вазни за цвеќиња, изберете керамички со рустикален изглед, а г...
8 бои идеални за мала кујна + со кои нијанси да ги комбинирате? Не мора да ги избегнувате потемните нијанси ако имате мала кујна – можат да изгл...
Новогодишно уреден дом на Ана од Скопје - елка со розови лампиони и украси за трпезата купени во Сол... „Елката ја купивме во Солун пред три години, а таму се купени и лампионите. Не з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg