Грешки во уредувањето поради кои домот секогаш ви изгледа хаотично

Купувате мебел кој е тежок за одржување и ги оставате ѕидовите бели – кои грешки да ги избегнувате за домот да не и изгледа неуредно?

greshki-vo-ureduvanjeto-poradi-koi-domot-sekogash-vi-izgleda-haotichno-01.jpg

Без разлика колку често чистите, доколку направите некои пропусти при уредувањето, домот скоро секогаш ќе ви изгледа хаотично.

Неколку грешки на кои треба да обрнете внимание:

Несоодветни украси на ѕидовите

Ѕидните украси, без разлика дали уметнички дела, фотографии или нешто друго, можат да го разубават просторот.

Но, погрешно избраните декорации можат да направат домот на изгледа хаотично.

Ако, на пример, просторијата е мала, а вие ставите огромна слика, собата ќе изгледа натрупано.

Ако, пак, на голем ѕид ставите еден минијатурен украс, тој непотребно ќе се истакнува и ќе делува чудно.

greshki-vo-ureduvanjeto-poradi-koi-domot-sekogash-vi-izgleda-haotichno-02.jpg

Купувате мебел кој бара многу чистење

Некои парчиња мебел бараат секојдневно чистење, некогаш и по неколкупати за да изгледаат добро.

Одличен пример за ова се црните мијалници – по секое пуштање вода, на нив ќе се познава бигор, па колку и да ги чистите, ќе изгледаат валкано.

Пред да одберете мебел за домот, добро размислете колку често ќе треба да го чистите и дали имате можност за тоа.

greshki-vo-ureduvanjeto-poradi-koi-domot-sekogash-vi-izgleda-haotichno-03.jpg

Ги оставате ѕидовите бели

Белите ѕидови изгледаат чисто и уредно и можат да бидат одличен избор ако сакате минимализам.

Но, не заборавајте дека на белите ѕидови и најмногу се познаваат дамки нечистотии.

Ако, пак, имате и мали деца, ќе биде практично невозможно белиот ѕид да остане бел.

Доколку не сакате потемни и впечатливи нијанси, можете да одберете понеутрална боја, како беж.

Изгледот на собата нема да се промени многу, но барем нема да се познаваат сите дамки и нема да мора да варосувате секоја година.

greshki-vo-ureduvanjeto-poradi-koi-domot-sekogash-vi-izgleda-haotichno-04.jpg

Фотографиите и сликите со рамки ви се закачени хаотично

Доколку планирате да го украсувате ѕидот со врамени слики и фотографии, препорачливо е да планирате однапред.

Ако ги закачувате каде било на ѕидот, голема е веројатноста резултатот да биде хаотичен, што ќе направи просторот да изгледа неуредно.

greshki-vo-ureduvanjeto-poradi-koi-domot-sekogash-vi-izgleda-haotichno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на домот (кои прават да изгледа евтино) Ако штедите на лустерите или ако тие се убави, но не даваат убаво осветлување, т...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg