Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мурал во детската соба

„Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходникот и бањите, целосно ги изработија мојот сопруг и свекор, без никаква помош. Ова можеби ни беше и најголемиот предизвик, бидејќи работата одеше побавно, но се помиривме со тоа“, вели Марија, која со семејството живее во стан со поглед кон Железничката станица во Скопје.

vo-domot-na-marija-i-nikola-vo-skopje-stan-vo-skandinavski-stil-so-rachno-izraboteni-elementi-i-mural-vo-detskata-soba-01.jpg

Марија (36) и Никола Димитров (38) со своите две ќерки живеат во населбата Аеродром, во стан од 76m2.

Во домот се релативно кратко, малку повеќе од една година, но тоа е пријатно катче, полно со хармонија, во кое ужива целото семејство и каде што ги поминуваат најубавите заеднички моменти.

vo-domot-na-marija-i-nikola-vo-skopje-stan-vo-skandinavski-stil-so-rachno-izraboteni-elementi-i-mural-vo-detskata-soba-37_copy.jpg

Станот е комбинација од класични и модерни елементи, а Марија за CRNOBELO.com вели дека е едноставен, во стилот на скандинавските домови, со чисти линии и неутрални бои.

„Сметам дека домот со својот декор може многу да открие за начинот на кој живееме, слично како што облеката која ја носиме говори за нашата личност.

Со сопругот сме дипломирани економисти, но тој се пренасочи во ИТ индустријата, а јас продолжив со маркетингот.

Кога не сме на работа, времето најмногу сакаме да го поминуваме со нашите ќерки Калина (8) и Лена (4) и во сала за вежбање.

vo-domot-na-marija-i-nikola-vo-skopje-stan-vo-skandinavski-stil-so-rachno-izraboteni-elementi-i-mural-vo-detskata-soba-04.jpg

vo-domot-na-marija-i-nikola-vo-skopje-stan-vo-skandinavski-stil-so-rachno-izraboteni-elementi-i-mural-vo-detskata-soba-08.jpg

Нашиот стан од 76m2 се наоѓа во скопски Аеродром, многу блиску до местото каде што го поминав детството.

Во него живееме нешто повеќе од една година и речиси сè што ни е потребно е лесно достапно, а има и преубав поглед кон железничката станица.

Ова беше пресудно да се одлучиме за него, бидејќи не сакавме да постои можност во иднина да се изгради зграда која би ни го попречила овој поглед.

vo-domot-na-marija-i-nikola-vo-skopje-stan-vo-skandinavski-stil-so-rachno-izraboteni-elementi-i-mural-vo-detskata-soba-05.jpg

vo-domot-na-marija-i-nikola-vo-skopje-stan-vo-skandinavski-stil-so-rachno-izraboteni-elementi-i-mural-vo-detskata-soba-14.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg