Во домот на семејството Јовановски: Стан од 70m2 во центарот на Битола со земјени тонови и златни детали (фото)
- Детали
- сабота, 04 ноември 2023
„Во нашиот ентериер внесовме земјени тонови како песок боја, нијанси на крем, надополнети со бели и златни детали кои даваат раскош и луксуз на целиот амбиент, а воедно и целиот фокусот е секогаш на нив. Со сопругот секогаш заедно одбираме сè“, вели Ена Јовановски од Скопје, која по свадбата се пресели во Битола.
Ена Јовановски од Скопје, која неодамна се омажи во Битола, по професија е дипломиран правник, а за себе вели дека е страствен љубител во уредувањето на ентериер.
Таа со сопругот живее во стан од 70m2 во централното подрачје на Битола, кој располага со ходник, отворен салонски простор со трпезарија и кујна, спална, гостинска соба, две тераси и тоалет.
За уредувањето на домот Ена споделува детали за CRNOBELO.com:
„Во нашиот ентериер внесовме земјени тонови како песок боја, нијанси на крем, надополнети со бели и златни детали кои даваат раскош и луксуз на целиот амбиент, а воедно и целиот фокусот е секогаш на нив.
Со сопругот сме перфекционисти, до степен на многу внимателно одбрани чаши за кафе, бидејќи сме двајцата големи љубители на кафе и уживаме кога го пиеме заедно.
Се одлучивме за минималистички изглед на домот за да може во секое време да трпи промени.
Деталите кои ги менувам според сезоната ми се омилен дел од домот.
Со сопругот секогаш заедно одбираме сè, соработуваме и немаме проблем со истото, бидејќи сме еден вклопен тим кој има исти идеи, визии, ставови и најважно вкусовите за уредување ни се поклопуваат. Инспирацијата е најчесто од Pinterest.
Сакаме кога домот ни е чист и мириса убаво, затоа во секоја просторија има мирисливи свеќи, освежувачи, гелови и тоа исклучиво со мирис на кокос и ванила.