Во домот на семејството Јовановски: Стан од 70m2 во центарот на Битола со земјени тонови и златни детали (фото)
Ходникот е во хотелски стил – долг со врати за во секоја соба поединечно, кој во самиот старт дава слика на топол дом, што е и клучот на мирот и спокојот.
Спалната е сè уште во фаза на изработка бидејќи наскоро ни доаѓа најмалиот член, воедно најглавниот, и затоа ја подготвуваме да биде бајковита во секој поглед.
Најголема инвестиција ни е кујната бидејќи на неа ставивме најголем акцент.
Изработена е со материјали медијапан со висок сјај, црн матиран гранит и мини шанк од светла нијанса на дрво со најнова технологија, но пред сè функционална.
Најголемиот дел од времето го поминувам во кујна, обожавам да пречекувам гости со вкусна храна и готвењето е мојата пасија. И таму преовладува стакло со злато и бел прибор.
Огледалата кои визуелно го зголемуваат секој простор ни се распространети на плакарите во гостинската и спалната соба.
На идеја на сопругот, веднаш се согласив за вградливи лед светла, кои меѓу постоечките светла успеваат да дадат нота на елеганција.