На гости кај Анастасија: Стан од 90m2 во скопската населба Карпош 4 со многу дрво и топли тонови (фото)

„Омилени детали ми се автентичниот ретро аналоген аудио систем сместен на интересен начин во библиотеката и стаклениот бар со смарт лед светло, постојано надополнуван од некој вкусен пијалак“, вели за CRNOBELO.com Анастасија Точевска (29), по струка мрежен инженер за информатика.

na-gosti-kaj-anastasija-stan-od-90m2-vo-skopskata-naselba-karposh-4-so-mnogu-drvo-i-topli-tonovi-foto-01.jpg

Анастасија Точевска (29), по струка мрежен инженер за информатика, моментално на позиција како Сениор ИТ проект менаџер, живее во стан од 90m2, во Карпош 4, со преубав поглед на Водно.

За уредувањето на нејзиниот дом Анастасија споделува за CRNOBELO.com:

„Прекрасно е чувството кога нешто правиш од почеток и го правиш сам.

na-gosti-kaj-anastasija-stan-od-90m2-vo-skopskata-naselba-karposh-4-so-mnogu-drvo-i-topli-tonovi-foto-28.jpg

Дизајнот на ентериерот го препуштив во целост на архитектот проектант Андреј Клинчаров, со комплетна доверба во неговиот вкус, дека ќе остави сопствен траг, воедно запазувајќи ги моите замисли.

na-gosti-kaj-anastasija-stan-od-90m2-vo-skopskata-naselba-karposh-4-so-mnogu-drvo-i-topli-tonovi-foto-07.jpg

Во станот преовладуваат природни земјени бои со мали детали на контрастни бои.

Дрвото е најзастапено низ целиот стан, кое секогаш го дава чувството на топлина.

na-gosti-kaj-anastasija-stan-od-90m2-vo-skopskata-naselba-karposh-4-so-mnogu-drvo-i-topli-tonovi-foto-03.jpg

na-gosti-kaj-anastasija-stan-od-90m2-vo-skopskata-naselba-karposh-4-so-mnogu-drvo-i-topli-tonovi-foto-16.jpg

Стилот не може да се дефинира како еден засебен правец, овој стан е комбинација на неколку, па би рекла модерен бохо нордиски стил, но најбитното е запазено, да е „cozy“ (топло и пријатно) и да дава чувство на дома.

na-gosti-kaj-anastasija-stan-od-90m2-vo-skopskata-naselba-karposh-4-so-mnogu-drvo-i-topli-tonovi-foto-04.jpg

Секако станот беше надополнет со неколку детали, отсликувајќи го мојот разновиден карактер и интереси, од филм, уметност, мотоциклизам и секако музика.

na-gosti-kaj-anastasija-stan-od-90m2-vo-skopskata-naselba-karposh-4-so-mnogu-drvo-i-topli-tonovi-foto-10.jpg

na-gosti-kaj-anastasija-stan-od-90m2-vo-skopskata-naselba-karposh-4-so-mnogu-drvo-i-topli-tonovi-foto-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Никица и Дамјан: Стан на Македонци во Хановер во кој сопствениците сè направиле сами (ф... „Освен за ламинатот, немавме ниеден мајстор и сè направивме сами. Искрено, беше ...
На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
На гости кај Мартин и Маринела: Семејна куќа во Ново Село со празнично украсенa терасa (фото) „Во дневната соба фокусот е на декоративниот панел, а терасата секоја година ни ...
На гости кај Симона: Стан на Македонка во мало, германско гратче покрај Боденското Езеро (фото) „Животниот пат со сопругот нè донесе во Германија. Живееме во помал град, на гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg