На гости кај Анастасија: Стан од 90m2 во скопската населба Карпош 4 со многу дрво и топли тонови (фото)
Омилени детали ми се автентичниот ретро аналоген аудио систем сместен на интересен начин во библиотеката и стаклениот бар со смарт лед светло, постојано надополнуван од некој вкусен пијалак.
Самата комбинација на дрво и бетон исто така прават ова катче да биде доста впечатливо.
Омилено катче е навистина проблем да издвојам, бидејќи уживам во секој дел од станот, полн со содржини и просторност.
Но, доколку би морала, ќе го издвојам катчето покрај прозорците, за утринско кафе или вечерен коктел со изгасени светла.
Исто така, во зимските денови, барем еднаш неделно се опуштам во полна када со пена и мирислива купка, гледајќи некој добар филм.
Топло го препорачувам Андреј за каков било архитектонски и ентериерен ангажман затоа што во ниеден момент не се почувствував изоставена и постојано бев известувана за сите фази и текот на работата, а најбитно од сѐ, целиот стан се заврши во предвиденото време без никакви отстапки“.