Во дворот на Маја Кикириткова: „Имаме дебела сенка од стар орев и лулашка, а допрва ќе го уредуваме просторот од 200m2“
- Детали
- сабота, 01 јули 2023
„Површината на дворот е 200m2, но сè уште е во фаза на уредување, само еден дел е среден. На целата површина во дворот имаме ситни каменчиња, обиколен е со дрвена кафеава ограда, а почнавме од нула со копање, рамнење на површината, средување обраснати делови...“, споделува модната дизајнерка Маја Кикириткова за CRNOBELO.com.
Модната дизајнерка Маја Кикириткова Трајковски со сопругот Александар, синот Лазар и ќерката Ева живее во населбата Ѓорче Петров, во куќа од 280 метри квадратни, која има дворно место од 200 метри квадратни.
Нејзиниот дом е совршено уреден, а проектот кој неодамна го започна заедно со сопругот е уредувањето на дворот.
Засега, само еден дел од него е уреден, но и тој е доволен за релаксација и минување на голем дел од времето таму во топлите денови.
Маја за уредувањето на дворот за CRNOBELO.com споделува:
„Површината на дворот е 200m2, но сè уште е во фаза на уредување, само еден дел е среден.
На целата површина во дворот имаме ситни каменчиња, обиколен е со дрвена кафеава ограда, која одговара со целиот ентериер во куќата.
Почнавме од нула, копање, рамнење на површината, обраснати делови, за да дојдеме до празна површина од песок.
За сѐ ова е задолжен сопругот, а и соседите имаа голем удел.
Во средина има стар орев со природна дебела сенка, каде закачивме лулашка.
Купивме само мала помошна масичка и две столчиња, гарнитурата ни е стара од претходниот двор, но ќе се замени.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





