На гости кај Оливер Димитровски: Луксузна куќа во Бардовци во медитерански стил, со базен и многу уметнички дела

„Идејата потекнува од нашите патувања по медитеранските земји, од чиј стил се преземени архитектурата, боите и уредувањето. Куќата е на четири нивоа, со 5 спални соби, 5 бањи, дневна, кујна, но и детска игротека во поткровјето. Има подрум, спа дел со сауна и турска бања, и дел за фитнес“, вели Оливер Димитровски за својот дом.

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-01.jpg

Оливер Димитровски, претприемач во секторот за недвижнини од Скопје, со сопругата и двете ќерки живее во семејна куќа во населбата Бардовци, која се наоѓа во непосредна близина на руската резиденција.

Куќата е комбинација од класичен и медитерански стил, во кој доминираат уметнички слики, од кои еден мал дел ги насликал токму Оливер. 

Домот на семејството Димитровски е изграден на приватен имот на кој има две вили, а вилите, пак, имаат свои имиња.

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-16.jpg

За инспирацијата, дизајнот, внатрешното уредување и сè поврзано со овој луксузен дом, Оливер раскажа за CRNOBELO.com:

„Двете вили имаат свое име. Вилата во која што живееме е Л&Л по иницијалите на нашите ќерки, Лаура и Леона, додека втората вила е анаграм од името на сопругата Ивона и од моето име, па се вика Вила Иволи.

Идејата за самата куќа потекнува од нашите патувања по медитеранските земји, од чиј стил се преземени архитектурата, боите и уредувањето. Од секаде по нешто.

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-04.jpg

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-35.jpg

Куќата е на четири нивоа. Има 5 спални соби, 5 бањи, дневна, кујна, но и детска игротека во поткровјето. Има подрум, спа дел со сауна и турска бања, и дел за фитнес.

Приземјето има големо антре кое ве води кон отворената кујна во медитерански стил, со големо острово на средината.

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-42.jpg

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-05.jpg

Дневната соба е срцето на домот и во неа доминира камин обложен со природен камен.

Просторијата е украсена со класичен медитерански мебел, а бидејќи сме љубители на домашната уметност, во куќата има неколку таканаречени англиски ѕидови, кои се исполнети со мноштво уметнички слики.

Поголем дел од нив се купени, но некои ги имам насликано и јас. Сето ова создава елегантна, но пријатна атмосфера во домот.

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-38.jpg

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-33.jpg

Дворот е приказна за себе. Во задниот дел од дворот доминира базен со димензии 10х5m, кој е длабок 2,2m, а има и џакузи.

Ова ни е омиленото место преку лето, каде што семејно ги поминуваме најжешките денови.

Дворот има бујна вегетација, а големите дрвја и зелената ограда обезбедуваат природна сенка, но и ладовина преку лето.

На имотот има преку 500 корени дрвја и различни растенија.

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-20.jpg

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-21.jpg

Бидејќи сум самопрогласен шеф, мора да признам дека од сите простории во домот, омилена ми е кујната.

Таа е во винтиџ стил, од италијанскиот производител „Берлони“, додека мебелот во остатокот од домот е од домашен производител.

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-07.jpg

na-gosti-kaj-oliver-dimitrovski-luksuzna-kukja-vo-bardovci-vo-mediteranski-stil-so-bazen-i-mnogu-umetnichki-dela-40.jpg

Продолжува на следната страниица...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Во домот на Снежана: Куќа во Припор, уредена во кафеави тонови и двор со базен „Припор ни се допаѓа затоа што сме блиску до град, а сепак далеку од бучава и оп...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg