На гости кај Оливер Димитровски: Луксузна куќа во Бардовци во медитерански стил, со базен и многу уметнички дела
Како што напоменав претходно, сакам да сликам и цртам, па омилени парчиња мебел во домот ми се оние кои ги нацртав лично јас, а потоа изведбата му ја доверив на познат столар кој работи рачна изработка.
Тоа се винаријата, масата во дневната соба, лежалките.
Во целиот дом преовладуваат дрвени елементи и парчиња од ковано железо.
Бојата која доминира, пак, е боја на бело кафе и кафеава, дополнети со земјени тонови.
На влезната врата има два впечатливи украси - едниот е гуштер од Барселона, а вториот е Тринакрија (Trinacria) - симболот на Сицилија.
Домот е простран, со многу големи прозорци, поради што има многу природна светлина.
На крајот само ќе кажам дека куќата е прилагодена на нас и нашиот животен стил, живописна, елегантна и удобна“.