Дворче во скопско мами воздишки: Со базен од природен камен и елементи од пелети
- Детали
- четврток, 20 јуни 2024
Базен од природен камен, летниковец, многу зеленило и цвеќиња... Ова дворче во скопско Чучер Сандево е вистински мелем за очи и рај за душата за време на летните горештини.
Прекрасното дворче на Сандра и Горан во скопско Чучер Сандево на падините на Скопска Црна Гора мами воздишки.
Фотографиите оттаму се доказ дека напорната работа и трудот ќе се исплатат, па тие сами успеале да креираат мал рај кој плени со својата убавина.
Дворче со летниковец, со базен изработен од природен камен, голем број цвеќиња и летниковец уреден со елементи кои се направени од палети...
Фотографиите што Сандра ги сподели со нашите читатели откриваат дека таа и сопругот успеале сами да го уредат просторот да наликува на мал зелен рај, кој е вистинско место за уживање за семејството во текот на летото.
Во изјава за CRNOBELO.com, Сандра вели дека целата идеја за уредување на дворчето била нејзина и на сопругот.
„Сите елементи во дворот сопругот ги направи сам, вообичаено тој го одржува дворот, а јас му помагам.
Омилено место од дворот ни се летниковецот и базенот“ – вели Сандра.
Погледнете повеќе фотографии од дворчето и базенот на Сандра и Горан:
Б. С. Б. | Црнобело