Совети за одгледување на висечките јагоди во саксии - свежо овошје од тераса или двор

Ќе ги засадите еднаш, а повеќе години ќе имате свежи јагоди во текот на целото лето – како да одгледувате јагоди во саксии на тераса или во двор?

kje-imate-svezho-ovoshje-vo-tekot-na-celo-leto-kako-se-odgleduvaat-visechkite-jagodi-vo-saksii-01.jpg

Кај нас се нарекуваат и „јагоди месечарки“, а познати се по тоа што постојано раѓаат во периодот на вегетација и тоа некаде од средината на мај, па до појавата на првиот студ во есен.

Имаат значително помал плод од јагодите што може да се најдат во супермаркетите и на тезгите, но ќе изгледаат декоративно во вашиот двор или тераса, а ќе имате свежо овошје во секој момент.

kje-imate-svezho-ovoshje-vo-tekot-na-celo-leto-kako-se-odgleduvaat-visechkite-jagodi-vo-saksii-09.jpg

Станува збор за повеќегодишно растение, а за нив не е потребна некоја особена нега.

Кога засадувате вакви јагоди во саксии треба да запомните неколку важни работи, што ќе ви овозможат растенијата добро да се развијат и да бидат здрави во текот на целото лето.

За вашите садници ќе треба да изберете место каде ќе добиваат од 6 до 8 часа сончева светлина, особено во периодот на раст.
Колку повеќе се изложени на светлост, толку плодовите се повкусни.


Земјата за јагоди треба да биде со добар квалитет и добро би било пред да ги засадите јагодите да ја измешате со компост или со малку песок.

kje-imate-svezho-ovoshje-vo-tekot-na-celo-leto-kako-se-odgleduvaat-visechkite-jagodi-vo-saksii-02.jpg

Садниците се пресадуваат во влажна почва и тоа точно до делот каде што почнуваат жилите од коренот, за растенијата да не изгнијат.

Доколку садите повеќе стебла во една саксија запомнете дека растенијата треба да бидат на најмалку 20 cm оддалеченост.

kje-imate-svezho-ovoshje-vo-tekot-na-celo-leto-kako-se-odgleduvaat-visechkite-jagodi-vo-saksii-10.jpg

Станува збор за растенија што се мошне лесни за одгледување. Освен што повремено саксиите ќе треба да ги чистите од несаканите растенија и треви што би можеле да израснат, потребно е само да обрнете поголемо внимание на залевањето.

Доколку растението е презаситено со вода, може да изгние, па затоа мора да внимавате кога ги наводнувате да не ставате премногу вода.

Растенијата потребно е да се наводнуваат веднаш штом ќе забележите дека почвата повеќе не е влажна.

kje-imate-svezho-ovoshje-vo-tekot-na-celo-leto-kako-se-odgleduvaat-visechkite-jagodi-vo-saksii-05.jpg

Освен што можете да ги засадите во обични саксии и жардињери, можете да направите и градина во висечки саксии, а пред почетокот на првиот мраз потребно е да ги внесете на топло, да ги прекриете со најлон и повремено да ги залевате.

kje-imate-svezho-ovoshje-vo-tekot-na-celo-leto-kako-se-odgleduvaat-visechkite-jagodi-vo-saksii-08.jpg

Прочитајте и Како да си направите градина, дури и ако живеете во стан?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Во дворчето на Ангелина и Перо во Дојран: Соларни пеперутки и фонтана за уживање на пролетното сонце Ангелина и Перо Митаноски од Дојран, љубовта кон уредувањето на ентериерот и екс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg