Кои работи мора да ги завршите во кујната пред да заминете на одмор и кој апарат не смеете да го исклучите од струја?

Пред да заминете на одмор вообичаено имате голем број обврски, а ние направивме мал потсетник за вас. Зошто не би требало само да ги исклучите главните осигурувачи и да заминете?

raboti-shto-mora-da-gi-zavrshite-vo-kujnata-pred-da-zaminete-na-odmor-i-eden-aparat-shto-ne-smeete-da-go-iskluchite-01.jpg

Можеби ви се чини дека е најлесно да ги исклучите главните осигурувачи и да заминете на одмор, но тоа не е изводливо затоа што има еден апарат кој не би требало да го гасите иако не сте дома.

Дополнително, издвојуваме уште неколку работи што ќе ви помогнат да бидете безгрижни во текот на целиот одмор и да не размислувате премногу за тоа што би можело да ви се случи додека не сте дома.

raboti-shto-mora-da-gi-zavrshite-vo-kujnata-pred-da-zaminete-na-odmor-i-eden-aparat-shto-ne-smeete-da-go-iskluchite-02.jpg

Во продолжение проследете кои 5 работи не смеете да заборавите да ги направите во кујната пред да одите на одмор:

Исклучете ги апаратите

Со цел да избегнете пожар, пред да тргнете на одмор задолжително исклучете ги од струја електричниот шпорет, микровалната, бојлерот, тостерот и сите други мали апарати апарати во кујната.

Освен тоа, овие апарати честопати трошат струја и додека се само пуштени во струја, а не ги користите, па со нивното исклучување ќе успеете и да заштедите и на сметката за електрична енергија.

raboti-shto-mora-da-gi-zavrshite-vo-kujnata-pred-da-zaminete-na-odmor-i-eden-aparat-shto-ne-smeete-da-go-iskluchite-03.jpg

Исклучете ја водата од вентил

Никогаш не знаете што може да се случи додека не сте дома, па со цел да спречите оштетување на домот од поплави и протекување на вода, најбезбедно е да го исклучите дотокот на вода во домот од главниот вентил.

raboti-shto-mora-da-gi-zavrshite-vo-kujnata-pred-da-zaminete-na-odmor-i-eden-aparat-shto-ne-smeete-da-go-iskluchite-06.jpg

Исчистете го ладилникот

Пред да заминете добро би било да ја тргнете од ладилникот целата храна што би можела да се расипе или да мувлоса и да остави непријатна миризба во ладилникот.

Освен тоа, доколку сте во можност добро би било да ги пребришете и полиците за да ги тргнете трошките и другите остатоци од храна на него.

raboti-shto-mora-da-gi-zavrshite-vo-kujnata-pred-da-zaminete-na-odmor-i-eden-aparat-shto-ne-smeete-da-go-iskluchite-09.jpg

Фрлете го ѓубрето и измијте ги корпите

Полната канта со отпадоци во лето може да привлече бубачки и да остави непријатна миризба во вашиот дом.

Темелното миење на корпите ќе спречи да се вратите дома во дом што мириса на депонија.

raboti-shto-mora-da-gi-zavrshite-vo-kujnata-pred-da-zaminete-na-odmor-i-eden-aparat-shto-ne-smeete-da-go-iskluchite-07.jpg

Оставете ја вратата на машината за садови отворена

Извадете ги садовите од машината за садови, распоредете ги на место, а вратата од машината оставете ја подотворена.

Доколку во машината останала вода по последното перење, со затворањето на вратата може да создадете совршена површина за ширење на мувла и бактерии.

raboti-shto-mora-da-gi-zavrshite-vo-kujnata-pred-da-zaminete-na-odmor-i-eden-aparat-shto-ne-smeete-da-go-iskluchite-05 (1).jpg

Кој апарат не смеете да го исклучите?

Дури и ако ја извадите целата храна од ладилникот, не би требало да го исклучите од струја, затоа што тоа ќе предизвика одмрзнување и разлевање вода на подот.

Непријатната миризба и оштетениот под не се нешто со што би сакале да се справувате кога ќе се вратите од одмор.

raboti-shto-mora-da-gi-zavrshite-vo-kujnata-pred-da-zaminete-na-odmor-i-eden-aparat-shto-ne-smeete-da-go-iskluchite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg