Направете ги алиштата кристално бели, со евтин и едноставен трик од аптека
-->
Сите посакуваме совршено бели алишта, но за жал честопати завршуваме со сиви, затемнети парчиња кои ја изгубиле првичната снежно бела боја. Како може да се постигне ефектот на идеална белина без премногу напор и скапи средства за одржување на облеката?
Без очајување, понекогаш „лекот е пет пари“ и само треба некој да ти го посочи.
-->
Еден од наједноставните начини за избелување на облеката е со употреба на калиум перманганат (хиперманган). Истиот може да го набавите речиси во секоја аптека по релативно ниска цена.
Како изгледа постапката на избелување на алишта со хиперманган?
- Во подлабок сад, промешајте неколку кристали од хиперманганот во 10 литри врела вода, со цел таа да добие розова боја. Не претерувајте, бидејќи целта не е да добиете темновиолетова боја. Бојата на растворот мора да биде розова.
- Ставете 200g прашок за перење на алишта во водата и промешајте.
- Во овој раствор покиснете ги сите алишта кои планирате да ги избелите. Одозгора покријте ги со кеса или фолија и оставете ги да киснат околу 4-5 часа, или најдобро е да отстојат во текот на целата ноќ.
- Потоа исцедете ги алиштата, префрлете ги во машината за перење и со помош на соодветната програма, исперете ги на вообичаениот начин.
- Доколку има потреба, слободно повторете ја постапката.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење
Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите?
Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
8 работи кои професионалните чистачи никогаш не би си ги купиле за дома
Венецијанери се најголемата грешка во домот заради тешкото чистење прашина - кои...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни)
Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа
Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата
Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...